Соопштение

Соопштение по одржаната 33-та седница на Судот

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХXIII седница (денeс, 9 декември 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Одлуката за прогласување на Амандманите XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, заведена под број 08-184/1 донесена на седница на Собранието на Република Северна Македонија одржана од 11 јануари 2019 (“Службен весник на Република Македонија” бр. 6/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 22 и член 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 256 став 2 од Законот за социјалната заштита („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019 и 275/2019);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на членот 6 со кој по членот 20 се додаваат членовите: 20-а, 20-б и 20-в од Измените и дополнува¬њата на Колективниот договор за работ¬ниците во Јавното претпријатие за стопанисување со шуми „Македонски шуми“- п.о – Скопје, склучен помеѓу Синдикатот на работниците од шумарството и дрвната индустрија на Република Македонија и Управниот одбор на ЈП „Македонски шуми“ (бр.02-1126/4 од 13.07.2009 година);

– го укине член 62 -а став 5 алинеја 4 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/2008, 53/2011, 123/2012, 70/2013, 164/2013, 138/2014, 192/2015 и 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019 и и 161/2019); и

– ги укине ставовите 2 и 3 од членот 25 од Упатството за начинот на однесување и меѓусебните односи на полициските службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 65/2007 и 133/2016).

Расправата по предметите У.бр.51/2020 и У.бр.210/2020 беше одложена за наредните седници на Судот.