Соопштение

Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХVIII седница (денeс, 14 октомври 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да:

– поведе постапка за оценување на уставноста на член 62-а став 5 алинеја 4 од Законот за возила („Службен весник на Република Македонија“ бр.140/2008, 53/2011, 123/2012, 70/2013, 164/2013, 138/2014, 192/2015, 39/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 161/2019 и 161/2019);

– не поведe постaпка за оценување на уставноста на член 75-ѓ ставови 1 и 12; член 76-а став 2, член 76-д став 4 и член 78-а ставови 4 и 5 од Изборниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008, 148/2008, 155/2008, 163/2008, 44/2011, 51/2011, 142/2012, 31/2013, 34/2013, 14/2014, 30/2014, 196/2015, 35/2016, 97/2016, 99/2016, 136/2016, 142/2016, 67/2017, 125/2017, 35/2018, 99/2018, 140/2018, 208/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 98/2019 и 42/2020);

– не поведe постaпка за оценување на уставноста на член 192 ставови 1 и 2 од Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ број 36/10, 23/11, 47/11, 148/11, 55/12, 29/14, 33/15, 193/15 и 71/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19 и 14/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за судска служба за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.95/2020);

– не поведe постaпка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за донации и за спонзорства во јавните дејности за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.103/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 103/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 111/2020); Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 126/2020); и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за минерални суровини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 134/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Законот за јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои призлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите („Службен весник на Република Македонија“ бр.159/2015); Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.9/2016); Одлуката за изменување на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.33/016); и одлуките за помилување без спроведување на постапки донесени од претседателот на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016);

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот во предметот У.бр.198/2020.