Соопштение

СООПШТЕНИЕ

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХVIII седница (денeс, 7 октомври 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот дневен ред одлучи да:

– не поведе постапка за оценување на уставноста на член 59 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Служ­бен весник на Република Македо­нија“ бр.98/2012, 166/2012, 15/2013, 170/2013, 43/2014, 44/2014, 113/2014, 160/ 2014, 188/2014, 20/2015, 61/2015, 97/2015, 129/2015, 147/2015, 154/2015, 173/ 2015, 217/2015, 27/2016, 120/2016, 132/2016, 35/2018, 220/2018, 245/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.180/2019, 275/2019 и 13/2020) и ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на: Решението на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Стручна служба – филијала Куманово, ФП бр.03100333920 од 16.06.2017 година; Решението на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, Уп.бр.0701-803 од 20.10.2017 година; Пресудата на Управниот суд У-4.бр.1002/2017 и У-4.бр.265/2018 од 07.03.2019 година; и Пресудата на Вишиот Управен суд УЖ-2.бр.625/2019 од 14.11.2019 година;

– не поведe постaпка за оценување на уставноста на член 10 став 3 од Законот за наставниците и стручните соработници во основните и средните училишта („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.161/2019);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на членовите 68, 69, 70, 71, 72, 73, 74, 75, 76, 77, 78, 79, 80 и 81 од Законот за нотаријатот („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 70 став 5 во делот „ставот 3 на“, член 70 став 8 во делот „ставот 4 на“ и член 70 став 10 во делот „ставот 4 на“од Законот за внатрешна пловидба („Службен весник на Република Македонија“ бр.55/2007, 26/2009, 22/2010, 23/2011, 53/2011,155/2012, 15/2013, 137/2013, 163/2013, 42/2014, 166/2014, 146/2015, 193/2015, 31/2016 и 64/2018);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 12 став 1 алинеја 7 од Законот за адвокатура („Службен весник на Република Македонија“ бр.59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 135/2011,113/2012 и 148/2015);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за исплата на регрес за користење на годишен одмор, заведена под број 0202-5836/8 од 13 мај 2019 година, донесена од страна на Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје;
– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за стечај за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.76/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020, 87/2020 и 90/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/2020 и 105/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите од приватниот сектор погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот COVID-19,заради исплата на платите за месеците април и мај 2020година, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.93/2020 и 97/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија на 15 јули 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.160/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.166/2020) и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за финансирање на политичките партии во 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.169/2020);

– го отфрли барањето за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот на Република Северна Македонија во предметот У.бр.32/2020;

– да ја поништи Уредбата со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 169/2020) и го стави вон сила Решението со кое се запира извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на актот означен во точката 1 од оваа одлука и ја запре постапката за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Уредбата со законска сила за измена и дополнување на Уредбата за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 123/2020).

Исто така, Судот ја известува јавноста дека при утврдувањето на дневниот ред на денешната седница, се одлучи расправата по предметите У.бр.15/2020, У.бр.2/2020 и 163/2016 да се одложи за наредните седници.