Соопштение

Соопштение по повод средбата на претседателот на Уставниот суд, Сали Мурати со Амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Н.Е. г-дин Сергеј Баздникин

Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, оствари работна средба со Н.Е. амбасадорот на Руската Федерација во Република Северна Македонија, г. Сергеј Баздникин.

Повод за оваа средба беше врачување на поканата на министерот за правда на Руската Федерација, г. Констатин Чујченко за претседателот на Судот, г. Мурати, за учество на Десеттиот јубилеен Меѓународен петербуршки правен форум кој треба да се одржи од од 18 до 22 мај, следната година во Санкт Петербург.

Од страна на претседателот на Уставниот суд, г. Сали Мурати со задоволство беше прифатена оваа покана и можноста делегација на Судот да биде дел од оваа светска манифестација.

Покрај ова, беа разменети искуства од функционирањето и работата на Уставниот суд и органите на Руската Федерација за време на пандемијата предизивикана од коронавирусот.