Соопштение

Соопштение

Денес, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, оствари работна средба со министерот за правда Бојан Маричиќ.

На оваа средба, беше разговарано за начините за унапредување на самостојноста на Судот (институционална, административна и буџетска), статусот на уставните судии, заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд, за можноста за донесување Закон за Уставниот суд, искористувањето на средствата од ИПА инструментот во делот кој се однесува на Судот, но и за некои конкретни проблеми во функционирањето на Уставниот суд.

Беше договорено оваа средба да биде почеток на соработка која ќе биде во насока за градење силни и независни институции.