Соопштение

Известување за одржување на јавна расправа

Уставниот суд на Република Северна Македонија, на 17 септември 2020 година со почеток од 10,00 часот, ќе одржи подготвителна седница по предметот У.бр.13/2020 во кој е оспорена уставноста на член 143 став 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија“ бр.184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 247/2018, 27/2019, 154/2019 и 42/2020).