Издвоено мислење

Издвоено мислење по предметот У.бр.216/2020

Врз основа на член 25 став 6 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.202/2019), по моето гласање против Решението У.бр.216/2020 година, донесено на ден 08.07.2020 година, за отфрлање на иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.128/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.140/2020) го издвојувам и писмено го образложувам следното:

ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ

Уставниот суд на Република Северна Македонија по сопствена иницијатива оформи предмет за оценување на уставноста на актите означени во точката 1 од Решението. Судот со мнозинство гласови донесе Решение за отфрлање на иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на уредбите означени во точката 1 од ова решение, бидејќи оцени дека уредбите не се повеќе во правниот поредок, односно во конкретниот случај оспорените дополнувања не можат самостојно да продолжат да важат и да произведуваат правно дејство бидејќи истите ја следат правната судбина на основниот текст на Уредбата којашто Судот со Одлука У.бр.84/2020 од 24 јуни 2020 година, ја поништи како неуставна.

Изразувајќи несогласност со таквото решение гласав против и го издвојувам своето мислење, затоа што сметам дека Решението за отфрлање на иницијативата не е во согласност со Уставот, поради што требаше да се поведе постапка за оценување на нивната уставност и врз основа на изведување на правно издржани аргументи да се донесе правилна одлука.

Моето спротивно мислење го темелам на ставот дека Решението на Судот е во спротивност со член 8 став 1 алинеи 3, 4 и 11 (владеење на правото како темелна вредност на уставниот поредок, поделбата на државната власт на законодавна, извршна и судска и почитувањето на општо прифатените норми на меѓународното право се темелни вредности на уставниот поредок на Република Северна Македонија), членот 51 (законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон) (став 1), дека секој е должен да ги почитува Уставот и законите (став 2), член 68 став 1 алинеи 1 и 2, Амандман XXIX, член 125 став 2 и 3 и член 126 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија.

За да се има една пообјективна слика во врска со наведените уредби вреди да се спомене дека Владата во сферата на „Даночна постапка“ во текот на вонредните состојби донесе вкупно три уредби односно една уредба и две дополнувања и тоа:
-Уредба со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020).
– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2020) и
– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 140/2020).

Првата уредба т.е. Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020) беше оспорена пред Уставниот суд и Судот со Решение У.бр.84/2020 од 14.05.2020 година првин поведе постапка, а потоа со Одлука од 24.06.2020 година ја ПОНИШТИ наведената уредба и го стави вон сила Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа оваа уредба.

По поведувањето на постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020) т.е. од 14.05.2020 година, па сѐ до конечната одлука на Судот за поништување т.е. сѐ до 24.06.2020 година, Владата донесе уште две дополнувања на наведената уредба, едната е донесена на ден 17.05.2020 година под бр.44-4129/1 и втората е донесена на ден 29.05.2020 година под бр.44-4129/2.

Судот во текот на постапката т.е. од 17.05.2020 година, па сѐ до 24.06.2020 година имаше предвид дека се донесени две дополнети уредби на основната уредба.

На ден 24.06.2020 година Судот одлучи по предметот за кој претходно поведе постапка, со образложение дека со оглед на тоа што правната и фактичката состојба по предметот не се променети, да се поништи Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020).

Ако се анализира одлуката за поништување У.бр.84/2020 во третата страна во последниот став ќе се види дека се наведува и се опишува дека наведената уредба од поведувањето па сѐ до предлогот за одлучување претрпе уште две дополнувања. На денот на одлучување по предлогот од моја страна беше воочено дека Судот и во оваа фаза т.е. во фаза на предлог за одлучување во диспозитивот на одлуката покрај основната уредба треба да стојат и дополнителните уредби, дека и основната уредба и дополнителните уредби треба да бидат поништени со истата одлука и дека се поништуваат поради горните противуставни начела и дека основната и дополнителните уредби се ставаат вон сила.

Преовлада мислењето дека во оваа фаза не може да се вметнат во одлуката за поништување и уредбите за дополнување на основната уредба, при што на седницата одржана на 24 јуни 2020 година по расправата што се водеше по предметот У.бр.84/2020 за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020), се утврди дека по поведувањето на постапката на 14 мај 2020 година и изрекувањето на времената мерка од страна на Уставниот суд, Владата на Република Северна Македонија донела уште две уредби со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020) и тоа: Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2020) и Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 140/2020).

Судот одлучи да ја заврши започната уставно-судска постапка по предметот У.бр.84/2020 за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020) и да иницира постапка по службена должност за другите две уредби согласно член 14 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија за оценување на уставноста на оспорените уредби. По службена должност се оформи предмет У.бр.216/2020 година.

Судот на ден 08.07.2020 година, согласно член 28 алинеја 3 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја отфрли иницијативата поради постоење други процесни пречки за одлучување по иницијативата.

Судот во Решението У.бр.216/2020 година наведува дека во конкретниот случај, со Одлуката У.бр.84/2020 од 24 јуни 2020 година, Судот ја поништил Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 79/2020) како неуставна, односно истата не била во согласност со член 8 став 1 алинеи 3, 4, и 11, член 51, член 68 став 1 алинеи 1 и 2, Амандман XXIX, член 125 став 2 и 3 и член 126 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија.

Но, според мене, Судот погрешно толкува дека основната уредба со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.79/2020), не е повеќе во правниот поредок, а во конкретниот случај оспорените дополнувања не може самостојно да продолжат да важат и да произведуваат правно дејство бидејќи истите ја следат правната судбина на основниот текст на Уредбата, поради што Судот оцени дека има процесни пречки за постапување по предметната иницијатива со што се исполнети условите од член 28 алинеја 3 од Деловникот на Судот за отфрлање на истата.

Според мене, во конкретниот предмет не може да се прифати тврдењето во Одлуката дека не постојат процесни претпоставки за мериторно постапување на предметните уредби за кои Судот по сопствена иницијатива, во смисла на член 14 став 1 од Деловникот, изрази сомнеж за нивната согласност со Уставот на Република Северна Македонија. Ова, од причини што со оспорените уредби се УРЕДУВААТ ОДНОСИ КОИ СЕ УШТЕ СЕ ВО СИЛА односно истите произведуваат правно дејство, поради што не може да се примени член 28 алинеја 3 од Деловникот, односно не постојат процесни пречки Судот да се впушти во уставно-судска анализа по оспорените уредби.

Имено, во членот 1 од Уредбата којашто Владата ја донесе на седницата одржана на ден 17.05.2020 година, децидно се наведува дека се додава нов член 3-а според кој се продолжува важноста на членот 2 од Уредбата со кој се утврдува дека истиот ќе се применува за време на траењето на вонредната состојба како и 60 дена по престанувањето на траењето на вонредната состојба. Оттука, јасно произлегува дека оспорената уредба сѐ уште произведува правно дејство, уредува односи и постапки од сферата на даночната постапка, поради што сметам дека Судот има уставна обврска и надлежност да ја цени уставноста на оспорената уредба.

Исто така, и со второоспорената уредба донесена од Владата на седницата одржана на ден 29.05.2020 година, во членот 3 од истата, се уредуваат односи односно се утврдува дека Управата за јавни приходи нема да издава опомена за плаќање на данок и нема да отпочнува постапка на присилна наплата за време на траењето на вонредната состојба, како и по престанокот на вонредната состојба до 30 јуни 2020 година и тоа за основите децидно наведени во членот 3 од оваа уредба.

Оттука, неспорно произлегува дека и оваа уредба регулира односи кои се сеуште во тек и истите произведуваат правни дејствија од што произлегува обврска на Судот да ја цени согласноста на уредбата со Уставот и Законот за даночната постапка, односно да се впушти во мериторно разгледување на двете оспорени уредби, со уставно-судска анализа со цел да се утврди дали оспорените уредби се во согласност со Уставот и Законот за даночната постапка, односно дали истите основано може да се доведат под сомнение по однос на нивната уставност и законитост.

Фактот што со Одлуката У.бр.84/2020 од 24 јуни 2020 година е поништена Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредната состојба, не ја менува правната состојба во смисла на егзистирање на дополнително донесените уредби од сферата на даночната постапка бидејќи истите произведуваат правна сила и не се отстранети од правниот промет.

Сметам дека Судот основано требаше да изрази сомневање во противуставноста на наведените уредби, требаше да се поведе постапка за двете уредби, а потоа да бидат поништени како првобитната уредба.

Тргнувајќи од сето погоре наведено, сметам дека со основ може да се постави прашањето за согласноста на уредбите со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за даночната постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.140/2020) за време на вонредна состојба и дека не биле во согласност со член 8 став 1 алинеи 3, 4 и 11, членот 51, член 68 став 1 алинеи 1 и 2, Амандманот XXIX, член 125 ставови 2 и 3 и член 126 став 2 од Уставот на Република Северна Македонија, а согласно со член 25 став 6 од Деловникот на Судот го издвојувам своето мислење од донесеното решение за неповедување на постапка.

Претседател
на Уставниот суд на Република Северна Македонија,
Сали Мурати

Решение У.бр.216/2020