Соопштение

Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XХIV седница (денeс, 8 јули 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дополнетиот дневен ред одлучи да:

– одржи подготвителна седница по предметот У.бр.106/2018 во кој е оспорена уставноста на член 353 став 5 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015 и 97/2017);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за финансиска подршка на граѓаните и вработените лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка намената за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 137/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со Законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2020) и Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со Законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 140/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба бр.08-682/2 од 16 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.127/2020 од 17 мај 2020 година);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.159/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020); член 7 во делот: „како и до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската Здравствена Организација” од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020); член 8 во делот: „како и до завршување на Пандемијата со COVID-19 прогласена од Светската Здравствена Организација” од Уредбата со законска сила за задолжителна самоизолација при тестирање за присуство на коронавирус covid-19 за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3322/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020); и членови 1 и 2 од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба, донесена од Владата на Република Северна Македонија, број 44-3324/1 од 22 април 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија” број 107/2020).

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за нотаријатот за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“број 95/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за распуштање на Собранието на Република Северна Македонија бр.08-1421/1 од 16 февруари 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.43/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 2 став 1 од Уредбата со законска сила за примена на Законот за вршење на сметководствени работи („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.140/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.154/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија и не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлуката за утврдување на постоење на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.14/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Одлука за утврдување на постоење на вонредната состојба број 08-729/2 од 30 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.142/2020), донесена од Претседателот на Република Северна Македонија;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за утврдување на цени на водните услуги за време на вонредна состојба, („Службен весник на Република Северна Македонија“број 89/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовиате на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за прашања поврзани со изборите на пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 160/2020);

– ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста и законитоста на член 1 став 4 алинеја 2 во делот: „без спроведување на овие лица во државен карантин по нивното враќање во Република Северна Македонија“ од Одлуката за изменување на Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус covid -19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/2020);

– го укине член 66 став 2 алинеја 6 од Статутот на Адвокатската комора на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 169/2011, 68/2012, 76/2013, 113/2016 и 95/2019);

– ги укине: делот „Надлежност” од насловот на Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 82/2016 и 35/2017); делот „Надлежност” од насловот на глава IV со наслов: „НАДЛЕЖНОСТ НА ЛЕКАРСКИТЕ КОМИСИИ” од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2016 и 35/2017); делот „Надлежност” од член 1 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2016 и 35/2017); делот „Надлежности” од член 5 став 2 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2016 и 35/2017); член 5 став 2 алинеи 1-5 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2016 и 35/2017); делот „или со општи акти” и делот „надлежност” од членот 6 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017; и делот „Надлежност” од член 15 став 2 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 82/2016 и 35/2017);

– ја поништи Уредбата со законска сила за исплата на паричен надомест за лица ангажирани со договор на дело во органите на државната власт, регулаторните тела, агенции, државни комисии, правните лица во целосна сопственост на државата, единиците на локалната самоуправа и градот Скопје и правните лица основани од единиците на локалната самоуправа и градот Скопје за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2020); и

– го одбие барањето за заштита на слободи и права што се однесуваат на забраната за дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност повредени со пресуда на Апелациониот суд Скопје и во дел да го отфрли истото барање за заштита на слободи и права што се однесуваат на забраната за дискриминација на граѓаните по основ на социјална припадност повредени со пресуди на Основен суд Скопје II и Апелациониот суд Скопје (У.бр.85/1019).