Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 23-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 01.07.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. – Член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015, 197/2017 и 83/2018);
– член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и став 4, во делот: „во случај на груба повреда од одредбите за постапката“, од Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019).
Реферат У.бр.137/2019

2. Член 20-а став 5 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на Република Македонија” број 27/2014, 199/2014, 27/2016, 35/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 143/2019 и 14/2020).
Реферат У.бр.152/2019

3. Член 143 ставoви 3 и 4 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги („Службен весник на Република Македонија” број 184/2013, 13/2014, 44/2014, 101/2014, 132/2014, 142/2016, 132/2017, 168/2018, 247/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 154/2015 и 42/2020).
Реферат У.бр.13/2020

4. Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за просторно и урбанистичко планирање за време на вонредна состојба, бр.44-3704/1, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 5 мај 2020 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.116/2020).
Реферат У.бр.182/2020

5. Уредба со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и претседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ број 94/2020).
Реферат У.бр.193/2020

6. – Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со Законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 128/2020) и
– Уредба со законска сила за дополнување на Уредбата со Законска сила за примена на Законот за даночна постапка за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 140/2020).
Реферат У.бр.216/2020

7. – Уредба со законска сила за измена и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 123/2020) и
– Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 169/2020)
Реферат У.бр.217/2020

8. – Одлука за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граници на градежен реон на град Куманово, број 09-8741/35 од 27.12.2017 година, донесена од Советот на Општина Куманово, објавена во „Службен гласник на Општина Куманово” број 17 од 29.12.2017 година;
– Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за спрове- дување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граници на градежен реон на град Куманово, број 09-3091/10 од 04.05.2018 година, донесена од Советот на Општина Куманово, објавена во „Службен гласник на Општина Куманово” број 6 од 08.05.2018 година и
– Одлука за дополнување на Одлуката за спроведување на површини за градење со намена А2 на парцели лоцирани вон централно градско подрачје во граници на градежен реон на град Куманово, број 09-4318/10 од 08.07.2019 година, донесена од Советот на Општина Куманово, објавена во „Службен гласник на Општина Куманово” број 8 од 10.07.2019 година.
Реферат У.бр.138/2019