Соопштение

Соопштение

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната XVIII седница (вчера, 27 мај 2020 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од изменетиот и дополнет дневен ред одлучи да:

– поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на делот „Надлежност“ од насловот на Правилникот за составот, надлежноста ии начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017); делот „Надлежност“ од насловот на глава IV со наслов: „НАДЛЕЖНОСТ НА ЛЕКАРСКИТЕ КОМИСИИ“ од Правилнникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Маккедонија“ бр.82/2016 и 35/2017); делот „Надлежност“ од член 1 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија бр.82/2016 и 35/2017); делот „Надлежности“ од член 5 став 2 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017); член 5 став 2 алинеи 1-5 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017); делот „или со општи акти“ и делот „надлежност“ од членот 6 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/2016 и 35/2017), и делот „Надлежност“ од член 15 став 2 од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија бр.82/2016 и 35/2017).

– ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката бр.44-668/1 од 21.01.2020 на Владата на Република Северна Македонија за поништување на решенија за разрешување на должност вршители на должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи-меѓуопштински центри за социјална работа („Службен .весник на Република Северна Македонија“ бр.16/20 од 22 јануари 2020 година);

– не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 44 став 5 од Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр.142/2015, 217/2015, 222/2015, 228/2015, 35/2016, 99/2016, 134/2016, 33/2017 и 86/2018);

– не поведе постапка за оценување на законитоста на Заклучокот за донесување мерки за контрола на загадувањето на амбиенталниот воздух од страна на индустриските капацитети во Општина Велес бр.25-5658/23 („Службен гласник на Општина Велес“ бр.19/2018 од 21.11.2018 година);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за градење за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.89/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за интервентна набавка на респираторни машини за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на одредбите од Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.94/2020);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за производи за заштита на растенијата за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.100/2020);

– поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” број 90/2020) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за утврдување на задачи на Армијата на Република Северна Македонија за време на траењето на вонредната состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.72/20);

– не поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за примена на Законот за финансиските друштва за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.90/20);

– поведе постапка за оценување на уставноста на Уредбата со законска сила за ограничување на правото на исплата на паричните паушали и паричните надоместоци на претседателите и членовите на одборите на директори, претседателите и членовите на управни и надзорни одбори, претседатели и членови на комисии, работни групи и советодавни и експертски тела формирани од државната и локалната власт и преседателите и членовите на советите на единиците на локалната самоуправа за време на вонредната состојба („Службен .весник на Република Северна Македонија“ бр.94/20) и донесе решение за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземени врз основа на оваа уредба, а согласно член 27 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија;

Судот го одложи одлучувањето по однос на уставноста на член 22 и 23 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.245/2018) (Реферат У.бр.97/2019) за една од наредните седници.