Соопштение

СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА

Во врска со утрешната седница на Уставниот суд, ја известуваме јавноста дека поради мерките кои се преземаат за спречување на ширењето на коронавирусот, бројот на места во судницата наменети за претставниците на медиумите е ограничен.

Од тие причини, како и заради информирање на јавноста, Судот ќе издаде посебно соопштение за одлуките кои ќе бидат донесени по точките од дневниот ред, како и за заземените ставови на работниот состанок на судиите кој ќе се одржи веднаш по завршувањето на седницата.

Исто така, истиот ден, генералниот секретар на Судот, во 14,00 часот ќе оствари брифинг со претставници на медиумите на кој ќе бидат соопштени одлуките на Судот од седницата и работниот состанок.