Соопштение

Соопштение

Се известуваат граѓаните дека за периодот од 18.03.2020 година до завршувањето на вонредната состојба, нема да се применуваат роковите утврдени во член 51 од Деловникот на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Ова од причина што на територијата на Републиката е прогласена вонредна состојба во која е ограничено правото на движење, како и фактот што постои ризик за здравјето на граѓаните поради што постојат објективни пречки деловничките рокови да бидат испочитувани, а од друга страна се работи за заштита на нивните уставни слободи и права.