Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 5-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 20.02.2020 година (четврток), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Делот: „и за плаќање на задржаниот данок во смисла на Законот за данокот на добивка“ од член 34 и член 35-а став 2 алинеи 1 и 2 од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.13/2006, 88/2008, 159/2008, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 52/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016 и 35/2018).
Реферат У.бр.92/2019

2. Член 18 став 2 од Законот за извршување („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2016, 142/2016, 178/2017-Одлука на Уставен суд и 26/2018-Одлука на Уставен суд).
Реферат У.бр.94/2019

3. Член 133 и член 134 став 1 од Законот за работни односи („Службен весник на Република Македонија“ бр.62/2005, 106/2008, 161/2008, 114/2009, 130/2009, 149/2009, 50/2010, 52/2010, 124/2010, 47/2011, 11/2012, 39/2012, 13/2013, 25/2013, 170/2013, 187/2013, 20/2015, 33/2015, 72/2015, 129/2015, 27/2016, 120/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.110/2019)
Реферат У.бр.107/2019

4. Член 35 став 1 група VII-1 од Колективниот договор за средно образование во Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.24/2009, 84/2009, 28/2010 и 39/2010).
Реферат У.бр.134/2019

5. Одлука за усвојување на Предлог измена и дополна на Детален урбанистички план за У.Е.„Центар–А“ Блок 9, КО Гостивар 2 – Општина Гостивар, со површина на опфатот од 21.7700 Ха, за плански период 2017-2022, бр.08-241/1 од 24.01.2019 година, донесена од Советот на Општина Гостивар („Службен гласник на Општина Гостивар“ бр.1/2019).
Реферат У.бр.121/2019

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.108/2019