Соопштение

Присуство на Комеморативната академија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

На покана на Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија, претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати, денес, 27 јануари 2020 година, присуствуваше на Комеморативната академија по повод 27 јануари – Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, што се одржа во Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ).