Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 2-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 22.01.2020 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Законот за амнестија во целина и посебно членот 2 („Службен весник на Република Македонија“ бр.233/2018)
Реферат У.бр.1/2019 и У.бр.6/2019

2. Член 10 ставови 3 и 4 од Деловникот за работа на Наставно-научниот совет на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид, бр.02-325/3-3 од 28.05.2019 година
Реферат У.бр.132/2019

3. Одлука за утврдување на должности во трупа заклучно со бригада и соодветна единица и одредени должности во команда на корпус и во воени установи во кои службата се врши под трупни услови, донесена од Владата на Република Македонија на 28.02.2009 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.32/2009).
Реферат У.бр.27/2019

4. Одлука за измена и дополна на Одлуката за утврдување на стапките на даноците на имот во Општина Илинден, донесена од Советот на Општина Илинден на седница одржана на 15.03.2019 година, број 07-622/7 од 15.03.2019 година.
Реферат У.бр.79/2019

5. Одлука за утврдување на општински линиски превоз за подрачјето на Општина Берово („Службен гласник на Општина Берово“ бр.12/2018 од 27.09.2018 година), во целина и посебно членот 11.
Реферат У.бр.96/2019

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.76/2019 со нацрт-одлука