Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 13.11.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 353 став 5 од Кривичниот законик („Службен весник на Република Македонија“ бр.37/1996, 80/1999, 4/2002, 43/2003, 19/2004, 81/2005, 60/2006, 73/2006, 7/2008, 139/2008, 114/2009, 51/2011, 135/2011, 185/2011, 142/2012, 166/2012, 55/2013, 82/2013, 14/2014, 27/2014, 28/2014, 115/2014, 132/2014, 160/2014, 199/2014, 196/2015, 226/2015 и 97/2017).
Реферат У.бр.106/2018

2. – Член 13 став 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за катастар на недвижности („Службен весник на Република Македонија” број 115/2014) и
– член 9 став 1 алинеја 11 од Правилникот за овластување за овластен геодет и за именик на овлстени геодети („Службен весник на Република Македонија” број 95/2015)
Реферат У.бр.42/2019

3. Член 19 ставoви 6 и 7 од Законот за судската служба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 43/2014, 33/2015, 98/2015, 6/2016, 198/2018 и 248/2018).
Реферат У.бр.77/2019

4. – Член 3 точка 4-а) од Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија“ број 29/2002, 85/2003, 40/2004, 113/2005, 29/2007, 88/2008, 48/2009, 50/2010, 171/2010, 36/2011, 98.2012, 13/2013, 164/2013, 44/2014, 192/2015, 30/2016, 21/2018 и 245/2018) и
– член 1 став 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување („Службен весник на Република Македонија” број 245/2018).
Реферат У.бр.78/2019

5. Одлука за донесување на Генерален урбанистички план на град Кочани, Општина Кочани плански период 2013 – 2023 бр.09-1401/1 од 15.07.2016 година („Службен гласник на Општина Гевгелија“ бр.8/2016).
Реферат У.бр.86/2019

6. Одлука за донесување на Измена и дополнување на Урбанистички план вон населено место за мултинаменски стопански комплекс на патот Гевгелија – Граничен премин Богородица, дел од Блок 1, 3 и 7, општина Гевгелија, за плански период 2012 – 2022 („Службен гласник на Општина Гевгелија“ бр.3/2014), донесена од Советот на Општина Гевгелија.
Реферат У.бр.111/2019

7. Член 9 став 2 во делот „наградата“ од Тарифата за нарада и надоместок на другите трошоци за работа на извршителите, донесена од министерот за правда, број 21-648/7 од 07.02.2019 година („Службен весник на Република Македонија” број 32/2019)
Реферат У.бр.72/2019

 

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.109/2019

 

III. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.80/2019 со нацрт-одлука