Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 25-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 15.10.2019 година (вторник), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 99 став 7 во делот „и 5“ од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/2006, 35/2008, 150/2010, 83/2018 и 198/2018).
Реферат У.бр.59/2019

2. Член 35-а од Законот за даночна постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр. 13/2006, 88/2008, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/2015, 129/2015, 154/2015, 23/2016 и 35/2018).
Реферат У.бр.69/2019

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот У.бр.5/2019