Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 19-та седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија закажана за 10.07.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 63 и член 65 од Законот за меѓународна и привремена заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 64/2018).
Реферат У.бр.53/2018

2. – Член 3 став 1 во делот: „се поведува само по службена должност и“ од Законот за помилување („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/2993 и 99/2016);
– член 5 став 1 и ставот 2 во делот: „кои не започнале со издржување на казна затвор“, од Законот за амнестија („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/2018);
– член 457 во делот: „јавниот обвинител на Република Македонија“ и
– член 458 став 1 во делот: „поднесено од јавниот обвинител на Република Македонија“, од Законот за кривичната постапка („Службен весник на Република Македонија“ бр.150/2010, 100/2012, 142/2016 и 198/2018).
Реферат У.бр.49/2019

3. Член 6 од Одлуката за висината на надоместокот за поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на локалните патишта во Општина Илинден, за поставување на инсталации во трупот на патот и во патниот појас за прекумерно користење на пат, за вонреден превоз и за штета сторена на патот и објектите на патот бр.07-2189/5 од 23.11.2018 година донесена од Советот на Општина Илинден („Службен гласник на Општина Илинден“ бр.11 од 26.11.2018 година).
Реферат У.бр.70/2019

 

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.82/2017 со нацрт-одлука