Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 2-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 30.01.2019 година (среда), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 11 и член 12 од Законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота (“Службен весник на Република Македонија” број 147/2015).
Реферат У.бр.45/2018

2. Член 43 ставови 1 и 2 и член 86 став 1 во делот: „Странката, учесникот или трето лице коe што смета дека извршителот при извршувањето постапувал незаконито, или пак пропуштил да преземе определено законско дејствие, може да поднесе приговор до основниот суд на чие подрачје извршувањето, или пак дел од него, се спроведува” и став 3 од Законот за извршување („Службен весник на Република Mакедонија” број 72/2016 и 142/2016).
Реферат У.бр.47/2018

3. Член 244 ставови 3 и 4 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата (“Службен весник на Република Македонија” број 169/2015, 226/2015, 55/2016, 11/2018 и 83/2018).
Реферат У.бр.59/2018

4. Член 23 од Законот за адвокатурата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 59/2002, 60/2006, 29/2007, 106/2008, 1352011, 113/2012 и 148/2015).
Реферат У.бр.112/2018

5. Одлука за разрешување на претседател и членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, бр.08-4480/1 од 23 јули 2018 година, донесена од Собранието на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.137/2018).
Реферат У.бр.118/2018

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.52/2018 со нацрт-одлука