Издвоено мислење

Издвоено мислење по предметот У.бр.12/2004

Врз основа на член 25 став 6 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) по моето гласање против Решението У.бр.12/2004, го издвојувам и писмено го образложувам следното

ИЗДВОЕНО МИСЛЕЊЕ

на Решението У.бр.12/2004 од 19 мај 2004 со кое се отфрла иницијативата за поведување постапка за оценување на
уставноста и законитоста на точката 54 став 2 и 3 од Националната концепција за безбедност и одбрана

 

Мнозинството судии застанаа на становиште дека Националната концепција за безбедност и одбрана, донесена од Собранието на Република Македонија, претставува документ во кој се определуваат ставовите и се искажуваат погледите на Република Македонија за нејзините национални интереси, нејзиното безбедносно опкружување, политиката на националната безбедност, како и целите, насоките, областите и инструментите за нејзиното остварување и дека затоа тој документ не претставува пропис во смисла на илен 51 и 110 од Уставот, па поради тоа оцени дека не е надлежен да одлуиува за согласноста на оспорената точка 54 став 2 и 3 од тој документ со Уставот на Република Македонија. Притоа, видливо е дека решението за отфрлање на иницијативата се потпира на формата и општата природа на документот, без да се впушти во анализа и одговор на прашањето дали оспорените ставови од точката 54 од документот имаат нормативен карактер, од што во крајна линија зависи проценката за тоа дали еден акт има карактер на пропис со општо дејство.

Јас исто така се согласувам дека Националната концепција за безбедност и одбрана нема форма на пропис (закон, одлука), како и дека во најголемиот дел содржи одредби што му даваат карактер на политиики документ за намери, цели, процени и слиино. Мерутоа, оспорената точка 54 став 2 содржи типиина правна норма со општо дејство во правниот поредок на Република Македонија, која засега во односи што се уредени со Уставот, а одбивањето на надлежноста на Судот за оценување на нејзината согласност со Уставот, според моето мислење, не може да се оправда со формата и општата природа на актот во кој таа норма се наора.

Во долгогодишната практика на Уставниот суд никогаш не било спорно дека карактерот на еден акт не се определува само врз основа на неговата форма, туку суштински врз основа на неговата содржина. Во бројни предмети Судот ја прифажал надлежноста за оценување на уставноста и законитоста на акти кои, иако по својата форма не биле прописи (дописи, известувања, програми и сл. на државни органи или организации што вршат јавни овластувања или нивни функционери), ниту биле објавени, содржеле општи норми кои на тие акти им давале карактер на пропис. Оттука, ако во конкретниот слуиај оспорената одредба од Националната концепција за безбед­ност и одбрана претставува норма односно правило на однесување со задолжително дејство, не би можело да се објасни зашто таа би останала надвор од досегот на Уставниот суд.

Од содржината на оспорената точка 54 став 2, во врска со став 1 од Националната концепција за безбедност и одбрана, цитирани во решението, се гледа дека со неа, прво, се основа Управувачки комитет како тело во Република Македонија кое се занимава со проценка и донесување одлуки во врска со безбедноста на Република Македонија (случаи на криза и кризни ситуации), второ, се утврдува неговиот состав и раководење (претседателот на Владата, определен број министри и претставник на претседателот на Републиката) и трето, се пропишува задолжителен карактер на неговите одлуки за сите органи и институции во Република Македонија. Притоа, важно е да се укаже дека според точката 67 “оваа национална концепција влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во “Службен весник на Република Македонија”.

Оиигледно е дека точката 54 став 2 од Националната концепција за безбедност и одбрана е далеку од тоа да има карактер на политиики став кој правно не обврзува. Напротив, таа има јасно конститутивно дејство за формирање на едно ново тело во Република Македонија и пропишува правни овластувања и обврски во поглед на неговите одлуки. Фактот што Националната концепција е донесена од Собранието на Република Македонија и што во точката 67 изречно се пропишува нејзиното влегување во сила, е само доказ повеже дека точката 54 став 2 е правна норма во правниот поредок на Република Македонија, и тоа од речиси највисок ранг.

Нејзините импликации се далекусежни во поглед на остварувањето на уставната положба и функции на државните органи во сферата на безбедноста и одбраната на Република Македонија, во поширокиот контекст на принципот на поделбата на власта. Имено, веднаш се отвора прашањето за уставниот основ за основањето на Управуваикиот комитет со овој документ и определувањето на сферата на неговото дејствување, ако се знае дека Уставот во илен 86, за разгледување на истите безбедносни прашања го конституирал Советот за безбедност на Република Македонија ииј претседател е претседателот на Републиката, а негов илен е и претседателот на Собранието на Република Македонија. Управуваикиот комитет од оспорената точка од Националната концепција, пак, е составен само од претседателот на Владата и министри, од кои дел, заедно со претседателот на Владата, според Уставот се истовремено и иленови на Советот за безбедност на Република Македонија. Кога Уставниот суд би ја прифатил надлежноста за оценување на оспорената точка 54 став 2 од Националната концепција, би морал да се сооии со нејзините суштински аспекти кои ги поставуваат проблемите на деконституционализација на надлежностите во сферата на безбедноста, на паралелизам на телата на Република Македонија, и на засегање во уставната положба, пред се, на претседателот на Република Македонија како и на претседателот на Собранието на Република Македонија. Посебен проблем би бил да се оцени дали задолжителната сила на одлуките на Управуваикиот комитет (ако тој воопшто може да постои како тело на Републиката основано со овој документ) може да се црпи од акт што не е ниту Устав, ни закон.

Целта на ова издвоено мислење е само да ги изложи аргументите зошто сметам дека се исполнети условите Уставниот суд да ја прифати надлежноста за оценување на согласноста на точката 54 став 2 од Националната концепција за безбедност и одбрана со Уставот на Република Македонија, а не да го изложувам своето мислење за суштинските прашања. Сепак, нужно беше нив само да ги нотирам како имплицирани проблеми од исклуиително уставноправно знаиење, кои настануваат токму со влегувањето во сила на точката 54 став 2 од Националната концепција за безбедност и одбрана и нема да престанат со отфрлањето на иницијатвата во овој предмет. Она што евентуално престанува во овој предмет е моќта на Уставниот суд да ја контролира уставноста на актите на законодавната власт кои немаат вообииаена форма на пропис, иако содржат јасни правни норми што се однесуваат на односи уредени со Уставот.

Судија на Уставен суд на Република Македонија
Игор Спировски

Решение У.бр.12/2004

Leave a Reply