Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 08.05.2018 година (вторник), со почеток во 09,30 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 4 точка 9 потточка 2; член 18 став 2 точка 1; поднасловот: „Законски застапник, ортак и привремен старател на оставина“; член 21; поднасловот: „Гаранција при откриен или неплатен данок,“; член 35-а; поднасловот„Постапка за утврдување на даночна гаранција“ и член 83 од Законот за даночната постапка („Службен весник на Република Македонија„ бр.13/2006, 88/2008, 105/2009, 133/2009, 145/2010, 171/2010, 53/2011, 39/2012, 84/2012, 187/2013, 15/2015, 97/15, 129/15, 154/15 и 23/2016).
Реферат У.бр.68/2017

2. Член 21-а став 1, во делот „членот 293-а став 3“ од Законот за управна инспекција („Службен весник на Република Македонија“ бр.69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013, 41/2014, 33/2015, 156/2015, 193/2015 и 53/2016).
Реферат У.бр.15/2018

3. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.09-63/3 од 04.09.2017 година донесена од Советот на Општина Битола „Службен гласник на Општина Битола“бр.9/2017).
Реферат У.бр.102/2017

4. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.08-3069/8 од 30.08.2017 година донесена од Советот на Општина Кавадарци („Службен гласник на Општина Кавадарци“бр.62/2017).
Реферат У.бр.122/2017

5. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.08-2458/2 од 04.09.2017 година донесена од Советот на Општина Ѓорче Петров („Службен гласник на Општина Ѓорче Петров“бр.13/2017).
Реферат У.бр.123/2017

6. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.25-3900/3 од 12.09.2017 година донесена од Советот на Општина Велес („Службен гласник на општина Велес“бр.12/2017).
Реферат У.бр.124/2017

7. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.09-6703/5 од 05.09.2017 година донесена од Советот на Општина Карпош („Службен гласник на Општина Карпош“бр.12/2017).
Реферат У.бр.127/2017

8. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.09-2725/7 од 31.08.2017 година донесена од Советот на Општина Гази Баба („Службен гласник на општина Гази Баба“бр.8/2017).
Реферат У.бр.128/2017

9. Одлука за распишување на референдум на локално ниво бр.08-236/6 од 06.09.2017 година донесена од Советот на Општина Неготино („Службен гласник на општина Неготино“бр.8/2017).
Реферат У.бр.130/2017

 

II. ПРЕДЛОЗИ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ ПО ПРЕДМЕТИТЕ:

1. Предлог за одлучување по предметот У.бр.95/2017 со нацрт-одлука

2. Предлог за одлучување по предметот У.бр.106/2017 со нацрт-одлука

Leave a Reply