Меѓународни Активности

Учество на Меѓународна конференција во Вилнус, Литванија

Во периодот од 29 јуни до 3 јули 2005 година судиите на Уставниот суд на Република Македонија, д-р Зоран Сулејманов и г-дин Игор Спировски учествуваа на Меѓународната конференција на тема: “Правото и фактите во уставната јуриспруденција” што се одржа во Вилнус, Литванија од 30 јуни до 1 јули 2005 година.

Меѓународната конференција е организирана од Уставниот суд на Литванија во соработка со Венецијанската Комисија на која учествуваа околу 30 странски гости од Европски Уставни судови како и од Врховни судови кои имаат уставни
надлежности.

Leave a Reply