Меѓународни Активности

Учество на Конференцијата на Шефовите на Институциите на франкофонијата во Букурешт

Од 28 мај до 2 јуни 2005 година Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, г-ѓа Лилјана Ингилизова – Ристова, и судијата Бранко Наумоски учествуваа на Конференцијата на Шефовите на Институциите на франкофонијата во рамките на Асоцијацијата на Уставните судови кои ја споделуваат употребата на францускиот јазик (ACCPUF) како гости на Уставниот суд на Романија.

Темата на конференцијата беше “Независноста на судиите и судството” и се одржа во Букурешт, Романија од 31 мај до 1 јуни 2005 година. Учествуваа околу 34 земји, членки на Асоцијацијата на Уставните судови кои ја делат употребата на францускиот јазик, како и земји посматрачи, кои преку своите излагања и дискусии дадоа придонес во размената на мислења и ставови при разгледувањето на сите аспекти на темата – правдата во Уставот, независноста на судиите и независноста на судовите.

Leave a Reply