Меѓународни Активности

Меѓународна Конференција по повод 40години од функционирањето на Уставниот суд на Република Македонија

Во периодот од 2 до 5 Јуни 2004 година, Уставниот суд на Република Македонија, во соработка со Венецијанската Комисија на Советот на Европа, беше домаќин на Меѓународната Конференција која се одржа по повод 40 годишнината од функционирањето на Уставниот суд на Македонија. Тема на Конференцијата беше “Уставносудска заштита: сегашност и перспективи”. На оваа Конференција, присуствуваа Претседатели, Потпретседатели и Судии на  Уставни и други судови со уставносудска надлежност од 25 држави од Европа, од Европскиот суд за Човекови права од Стразбур, како и делегација на Венецијанската Комисија на Советот на Европа, предводена од Г-динот. Џани Букикио, Секретар на оваа Комисија. Меѓу присутните беа Претседателите на 9 Уставни и Врховни судови (Албанија, Ерменија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Кипар, Литванија, Луксембург и Украина), Потпретседателите на Уставните судови на Руската Федерација и Хрватска и судии на Уставните и Врховните судови на Андора, Белгија, Чешката Република, Естонија, Франција, Германија, Унгарија, Полска, Романија, Србија и Црна Гора, Словачка, Словенија и Турција.

На свеченото отворање на Конференцијата, свое обраќање имаа Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Г-ѓа Лилјана Ингилизова-Ристова, Претседателот на Република Македонија, Г-динот. Бранко Црвенковски, Секретарот на Венецијанската Комисија, Г-динот Џани Букикио, Претседателот на Врховниот суд на Кипар, во својство на актуелен Претседател на Конференцијата на Европски Уставни судови, Г-динот Христос Артемидес и Судијата Маргарита Цаца-Николовска, како претставник на Европскиот суд за Човекови Права од Стразбур.

По свечениот дел, беше одржана работната сесија која беше поделена на два дела. Во секој од овие делови имаше по пет официјални излагачи со свои извештаи. На утринската пленарна сесија со свој реферат се јавија: проф. д-р Зигфрид Брос, Судија на Уставниот суд на Сојузна Република Германија, г-ѓа Симон Веил, член на Уставниот совет на Франција, проф. д-р Цирил РибиЧИЧ, Судија на Уставниот суд на Република Словенија, д-р Јурај Бабјак, Судија на Уставниот суд на Република Словачка, д-р Трендафил Ивановски, Судија на Уставниот суд на Република Македонија.

Во попладневната сесија, свои излагања имаа: г-ѓа Маргарита Цаца – Николовска, Судија во Европскиот суд за Човекови права од Стразбур, проф. д-р Владимир Грегориевич СТРЕКОЗОВ, Потпретседател на Уставниот суд на Руската Федерација, д-р Јасна ОМЕЈЕЦ, Заменик претседател на Уставниот суд на Република Хрватска, проф. д-р Дидиер Мо, Магистрат на Уставниот трибунал на Андора и член на Државниот Совет на Франција, кој е истовремено и професор на Универзитетот во Париз; и проф. д-р Јиржи Степиен, Судија на Уставниот Трибунал на Полска.

По официјалните излагања следуваше дел за дискусија во кој се јавија речиси сите учесници кои го презентираа своето мислење и искуство за темата на Конференцијата.

Покрај размената на мислења и искуства за прашањата кои беа покренати, Конференцијата беше извонредна можност за воспоставување нови релации и јакнење на постојната соработка меѓу Уставните и другите судови со уставносудска
надлежност во Европа.

Leave a Reply