Соопштенија

Делегација на Уставниот суд на Руската Федерација ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија.

Од 19 до 22 април 2012 година, делегација на Уставниот суд на Руската Федерација составена од претседателот на Судот проф.д-р Валериј Зоркин, потпретседателот на Судот проф.д-р Сергеј Маврин и судијата проф.д-р Сергеј Књазев, ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија.

Станува збор за прва официјална билатерална средба помеѓу Уставниот суд на Република Македонија и Уставниот суд на Руската Федерација која е во функција на воспоставување на поблиски врски и размена на искуства и уставно-судска практика.

За време на посетата ќе биде остварена работна средба во Уставниот суд на Република Македонија на која ќе се разговара за актуелните предизвици во работата на двата уставни судови.

Leave a Reply