Соопштенија

Учество на прославата по повод 15 годишнината од Уставниот суд на Украина

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија. г-дин Бранко Наумоски, во период од 15 до 18 септември присуствува на прославата по повод 15 години од Уставниот суд на Украина во Киев. Истовремено ќе учествува и на Меѓународната Конференција организирана по тој повод, а во рамките на Украинското претседателство со Комитетот на Министри во Советот на Европа, на тема „Заштита на човековите права од органите на уставна правда: можности и проблеми на индивидуалениот пристап“.