Соопштенија

Учество на семинар во Брисел

Судијата на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Исмаил Дарлишта ќе учествува на семинар на тема Правото на заедницата и независноста на судството што ќе се одржи на на 22 и 23 јануари 2009 година во Брисел.

Семинарот го организира Европската комисија – Генералниот директорат за проширување. На семинарот ќе учествуваат судии на повисоките судови од земјите на Западниот Балкан и Турција.