Соопштенија

Учество на Меѓународен симпозиум по повод 50 годишнината на Уставниот совет на Франција

На покана на претседателот на Уставниот совет на Франција Жан Луи Дебре, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и судијата на Уставниот суд д-р Гзиме Старова, од 1 до 4 ноември 2008 година во Париз, ќе присуствуваат на прославата на 50 годишнината од постоењето на Уставниот совет на Франција. По тој повод на 3 ноември 2008 година ќе се одржи Меѓународен симпозиум на кој ќе учествуваат претседатели на повеќе европски уставни судови и истакнати правници од Франција.

Leave a Reply