Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.12.2016 година (вторник), со почеток во 09.00 часот

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 29-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.12.2016 година (вторник), со почеток во 09.00 часот

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. I. -Член 45 став 3, член 45-а ставовите 4, 7 и 11, и член 45-а во
делот во кој се предвидува дека ученикот кој е незадоволен од резултатите од
тестот за екстерно оценување има право да поднесе приговор до училишната
комисија, од Законот за средното образование („Службен весник на Република
Македонија“ бр.44/1995, 24/1996, 34/1996, 35/1997, 82/1999, 29/2002, 40/2003,
42/2003, 67/2004, 55/2005, 113/2005, 35/2006, 30/2007, 49/2007, 81/2008,
92/2008, 33/2010, 116/2010, 156/2010, 18/2011, 51/2011, 6/2012, 100/2012 и
24/2013).
II. Членовите 27, 29 и 30 од Правилникот за начинот на организирање и
спроведување на екстерното проверување на учениците во средните училишта,
начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот
за екстерно проверување, начинот и постапката на проверување на тестовите од
училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот, бр.19-6289/1 од
30 август 2010 година, донесен од министерот за образование и наука („Службен
весник на Република Македонија“ бр.115/2010).
III. Правилникот за изменување на Правилникот за начинот на водењето,
формата и содржината на педагошката евиденција и документација во средните
училишта, бр.19-6291/1 од 30 август 2010 година, донесен од министерот за
образование и наука („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2010), и
IV. Член 3 став 10 од Правилникот за формата, содржината и начинот на
водењето на професионалното досие на наставникот и стручниот соработник во
средното образование, бр.19-6292/1 од 30 август 2010 година, донесен од
министерот за образование и наука („Службен весник на Република Македонија“ бр.
115/2010).
Реферат У.бр.82/2013

2. Делот: „Законот за девизното работење и Законот за вршење на услуги
брз трансфер на пари“ од членот 3 став 2 од Законот за девизната
инспекција“ („Службен весник на Република Македонија“ бр.89/2004, 24/2011,
43/2014 и 112/2014).
Реферат У.бр.39/2016

3. Член 36-а и член 42-г од Законот за акцизите (“Службен весник на
Република Македонија” број 32/2001, 50/2001, 45/2002, 98/2002, 24/2003,
96/2004, 38/2005, 88/2008, 105/2009, 34/2010, 24/2011, 55/2011, 135/2011,
82/2013, 43/2014, 167/2014, 188/2014, 129/2015, 154/2015, 192/2015 и 23/2016).
Реферат У.бр.79/2016

4. Член 231 ставови 3, 4, 6 и 7 од Законот за хартии од вредност
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.95/2005, 25/2007, 7/2008 57/2010,
135/2011, 13/2013, 188/2013, 43/2014, 15/2015, 154/2015, 192/2015 и 23/2016)
Реферат У.бр.115/2016

5. Член 18 став 4 од Законот за управната инспекција (”Службен весник на
Република Македонија” број 69/2004, 22/2007, 115/2007, 51/2011, 164/2013,
41/2014, 33/2015, 156/2015, 193/2015, 53/2016).
Реферат У.бр.147/2016

6. Одлука за донесување на Детален урбаистички план за УЕ-4, дел од Блок
15 општина Струга, бр.07-2960/6 од 12.08.2014 година донесена од Советот на
општина Струга, објавена во „Службен гласник на општина Струга“ бр.8 од 14
август 2014 година.
Реферат У.бр.70/2016

7. Одлука број 0503-2814/1 од 30.08.2016 година, донесена од директорот
на Агенцијата за електронски комуникации на Република Македонија (“Службен
весник на Република Македонија” број 170/2016).
Реферат У.бр.158/2016

Leave a Reply