Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.09.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 26-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.09.2011

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 17 став 1 точка 3 во деловите: „актот за основање и“ и „на
неговото основање“, член 20 став 2 во делот: „како и дозвола за увид во сите
податоци за нивната имотна состојба“, член 30 став 1 во делот „актот за
основање и“ и член 31 став 1 од Законот за бесплатна правна помош („Службен
весник на Република Македо­нија“ број 161/2009).
(Реферат У.бр.36/2011)

2. Член 6 став 2 во делот: „научни истражувања и технолошки, економски и
финансиски работи од значење за Република Македонија“, од Законот за
класифицирани информации („Службен весник на Република Македонија“ бр.9/2004,
113/2007 и 145/2010).
(Реферат У.бр.101/2011)

3. Член 34 ставови 3 и 4 од Законот за сопственост и други стварни права
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 92/ 2008, 139/2009 и
35/2010).
(Реферат У.бр.126/2011)

Leave a Reply