Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 18.05.2011

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 18.05.2011

I. РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 15 став 3 во делот: „преку изјава за согласност за осно­вање на
здружение од нивниот законски застапник, за целите за кои се основа здружението
во согласност со закон” од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на
Република Македонија” број 52/2010)
(Реферат У.бр.114/2010)

2. Член 15 став 1 во делот: “и правни”, член 19 став 4 во делот: “со
давање потпишана изјава за согласност на неговиот законски застапник за
зачленување во организацијата во согласност со закон” и член 50 став 3 во
делот: “освен во случаи кога член на организацијата e корисник на услугите на
организацијата во согласност со целите определени со статутот и програмата на
организацијата”, од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на
Република Македонија” број 52/2010)
(Реферат У.бр.134/2010)

3. Член 3 точка 4 во делот: “со своето работење” од Законот за
здруженија и фондации (“Службен весник на Република Македонија” број 52/2010)
(Реферат У.бр.149/2010)

4. Член 18 став 1 во делот: „за плаќање на јавните давачки утврдени со
закон“, член 18 став 2, член 26 став 1 точка 4, член 26 став 1 точка 8, член 40
став 3 точка 4, член 40 став 3 точка 7, член 44 став 1 во делот: „за плаќање на
јавните давачки утврдени со закон“, член 51 став 1 во делот: „за плаќање на
јавните давачки утврдени со закон“, член 61 став 1 во делот: „за плаќање на
јавните давачки утврдени со закон“, член 76 став 1 во делот: „за плаќање на
јавните давачки утврдени со закон“, член 90 став 1 во делот: „за плаќање на
јавните давачки утврдени со закон“, член 102 став 2 точките 7 и 8, член 102
став 2 точка 5, член 104 став 2 точка 5, член 104 став 2 точките 7 и 8, член
106 став 1 во делот: „како и даноците и другите јавни давачки“, член 130 став 2
точка 6, член 134 став 2 точка 2, член 141 точка 4, член 151 став 1 точка 5 во
делот: „како и над плаќањето на даноците и другите јавни давачки утврдени со
закон од Законот за игрите на среќа и за забавните игри („Службен весник на
Република Македонија“ бр. 24/2011).
(Реферат У.бр.53/2011)

5. Член 4 став 3 и член 175 од Изборниот законик („Службен весник на
Република Македонија“ бр.40/2006, 136/2008, 44/2011 и 51/ 2011).
(Реферат У.бр.61/2011)

6. Член 64 став 1 од Законот за домување („Службен весник на Република
Македонија“ бр.99/2009 и 57/2010).
(Реферат У.бр.68/2011)

7. Член 4 од Законот за изменување и дополнување на Законот за
денационализација („Службен весник на Република Македонија“ бр.72/2010),
односно член 64 од Законот за денационализација („Службен весник на Република
Македонија“ бр.20/1998, 31/2000, 42/2003, 44/2007, 20/2007 и 171/2010)
(Реферат У.бр.82/2011)

8. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ „Тоде
Мендол“ УБ 63, плански опфат помеѓу ул. 1, ул. ЈНА, ул. 2 КП.бр.16793, ул.3 и
КП.бр.16369/2,-општина Куманово, донесена под бр.07-6991/18 од 23 јуни 2010
година од Советот на општина Куманово („Службен гласник на општина Куманово“ бр.
11/2010 од 29 јуни 2010 год).
(Реферат У.бр.135/2011)

II. БАРАЊА ЗА ЗАШТИТА НА СЛОБОДИ И ПРАВА:

1. Барање за заштита на слободи и права по предметот
У.бр.41/2011,

Leave a Reply