Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.10.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 32-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 27.10.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 26 став 2 и член 28 од Законот за нотаријатот („Службен весник
на Република Македонија“ бр.55/2007 и 86/2008).
(Реферат У.бр.52/2010)

2. Член 59-а и член 100-б од Законот за изменување и дополнување на
Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност („Службен
весник на Република Македонија“ бр.161/2008).
(Реферат У.бр.103/2010)

3. Член 29-б став 1 алинеи 1, 2, 3, 4 и 5 од Законот за плата и други
надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен
весник на СРМ“ бр.36/1990 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.
38/1991, 23/1997, 37/2005, 84/2005, 121/ 2007, 161/2008, 92/2009 и 42/2010).
(Реферат У.бр.112/2010)

4. Член 4 став 1 во делот: „со овој закон“, член 4 став 2 во делот: „овој
закон“, член 4 ставови 3, 4, 5, 6 и 7, член 16 став 4, член 23 став 6, член
24-а, насловот на поглавјето IV во делот: „општините, општините во градот
Скопје и градот Скопје, член 25, член 26 став 1 во делот: „општините во градот
Скопје“ и член 26 став 4 од Законот за јавен долг („Службен весник на Република
Македонија“ бр. 62/2005 и 88/2008).
(Реферат У.бр.136/2010)

5. Одлука за донесување на Детален урбанистички план за дел од УЕ
„Панче Пешев“ УБ 42, плански опфат помеѓу ул. Октомвриска рево­луција, Браќа
Рибар, Питу Гули, 29-ти ноември и ул.Панче Пешев-општина Куманово, донесена под
бр.07-6283/17 од 7 јули 2009 го­дина од Советот на општина Куманово („Службен
гласник на општина Куманово“ бр.11/2009 од 9 јули 2009 год).
(Реферат У.бр.63/2010)

6. Член 4 став 3, член 19 ставови 1 и 2, член 5 и член 7А став 2 од
Статутот на Здружение на возачи број 0101-12 од 2 март 2007 год.
(Реферат У.бр.127/2010)

7. Член 4 ставови 1 и 2 од Одлуката за одржување на јавна чистота и
утврдување надоместок за одржувањето на јавната чистота број 07-2285/16 од 14
септември 2009 год. („Службен гласник на општина Охрид“ бр.9/2009), донесена од
Советот на општина Охрид.
(Реферат У.бр.148/2010)

Leave a Reply