Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 16-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.04.2010

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 16-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 28.04.2010

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИСТОСТА НА:

1. Член 39 од Законот за изменување и дополнување на Законот за високото
образование (“Службен весник на Република Македонија” број 103/2008).
(Реферат У.бр.207/2009)

2. Член 82 став 2 од Законот за основното образование („Службен весник
на Република Македонија“ бр.103/2008 и 33/2010).
(Реферат У.бр.256/2009)

3. – член 11 став 5 од Законот за оружјето („Службен весник на Република
Македонија“ бр.7/2005, 47/2006, 42/2007 и 86/2008), и
– Решението за определување на здравствени установи во кои ќе се врши лекарски
преглед на физичко лице заради утврдување на здравствената способност за
поседување и носење на оружје, донесено од министерот за здравство, а во
согласност со министерот за внатрешни работи („Службен весник на Република
Македо­нија“ бр.83/2007).
(Дополнителен реферат У.бр.277/2009)

4. Членовите 3, 4, 5, 9, 12, 14 и 17 од Правилникот за измени и
дополнување на Правилникот за распределба на авторските надоместоци („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 81/2009).
(Реферат У.бр.179/2009)

5. Член 36 став 1, во делот: „акт на органот на државната управа од
соодветната област“ и член 57 став 1, во делот: „извршување на кривично дело
или“ од Општиот колективен договор за стопанството на Република Македонија
(„Службен весник на Република Македонија“ бр.88/2009).
(Реферат У.бр.234/2009)

6. Одлуката за изменување и дополнување на Деталниот урбанистички план
за централно градско подрачје на Град Скопје „Мал Ринг“ Блок 1, Блок 4, Блок 5,
Блок 6 и Блок 7, Општина Центар – Скопје број 07-200/2 од 29 јануари 2010
година, донесена од Советот на општина Центар објавена во „Службен гласник на
општина Центар“ бр. 1 од 1 февруари 2010 година.
(Реферат У.бр.43/2010)

Leave a Reply