Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 7.05. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 17-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 7.05. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Член 144 став 1, во делот: „или од друг надлежен орган“ и став 2, во делот:
„односно друг надлежен орган“ од Законот за облигационите односи („Службен
весник на Република Македонија“ бр.18/2001, 4/2002 и 5/2003).
(Реферат У.бр.133/2007)

2. – Член 24 став 1 од Законот за приватизација и закуп на градеж­но земјиште
во државна сопственост („Службен весник на Република Македонија“ бр.4/2005 и
13/2007) и
– Уредба за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се
приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на
градежно земјиште („Службен весник на Република Македонија„ бр.87/2007).
(Реферат У.бр.185/2007)

3. Член 145-а од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен
весник на Република Македонија“ бр.80/1993, 4/ 1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997,
24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/ 2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005,
70/2006 и 153/2007).
(Реферат У.бр.189/2007)

4. Член 32 став 1 од Законот за државните службеници („Службен весник на
Република Македонија“ бр.59/2000, 112/2000, 34/2001, 103/2001, 43/2002,
98/2002, 17/2003, 40/2003, 85/2003, 17/2004, 69/2004, 81/2005,
108/2005-пречистен текст, 61/2006 и 36/2007) и член 59 од Законот за изменување
и дополнување на Законот за државните службеници („Службен весник на Република
Македо­нија“ бр.81/2005).
(Реферат У.бр.38/2008)

5. Одлуката за одложување заминување во пензија на претседателот на Судскиот
совет на Република Македонија бр.07-2137/1 од 24 декември 2007 година, донесена
од Судскиот совет на Република Македонија.

Leave a Reply