Дневен ред

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 2.04. 2008

Преглед на иницијативи за оценување на уставноста и законитоста предложени за 13-та седница на Уставниот суд на Република Македонија закажана за 2.04. 2008

РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТА И ЗАКОНИТОСТА НА:

1. Законот за превоз во патниот сообраќај („Службен весник на Република
Македонија“ бр.68/2004 и 127/2006) и тоа: член 8 став 1 точка 2 во делот „да е
сопственик на едно или повеќе регистрирани возила за одделни видови на превоз
или да има договор за лизинг“; член 9 став 2 во делот „освен лиценците за авто-
такси превоз на патници кои се издаваат со рок на важење од една година“; член
9 став 4 во делот „и приложи потврда за платен данок од вршење на дејноста“ и
член 54 став 1 алинеи 3 и 5.
(Реферат У.бр.22/2007)

2. – Кодот:„G03GA01-Chronic gonadotropin (human i rekombinanten)** во делот:
„ **Индикации: – АРТ до три обиди за лекување на жена на возраст до 40 години“ и
– Кодот: „G03GA06-Folitropin beta*** во делот:„***Индикации:-АРТ до три обиди
за лекување на жена на возраст од 40 години“ од насловот: „Лекови кои делуваат
на генитоуринарниот тракт и полови хормони“ од Листата на лекови кои паѓаат на
товар на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република
Македонија„ бр.102/2007 и 104/2007-исправка).
(Реферат У.бр.249/2007)

3. Член 154 од Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен
весник на Република Македонија“ бр. 80/1993, 3/1994, 14/1995, 71/1996, 32/1997,
24/2000, 96/2000, 50/2001, 85/2003, 50/2004, 4/2005, 84/2005, 101/2005, 70/2006
и 153/2007).
(Реферат У.бр.12/2008)

4. Член 102 од Законот за облигационите односи („Службен весник на Република
Македонија“ бр.18/2001, 4/2002 и 5/2003).
(Реферат У.бр.55/2008)

5. Член 3 став 1 во делот „и на столбовите поставени во трупот на патот и во
патниот појас“, и член 5 од Одлуката за утврдување надоместоци за обезбедување
финансиски средства за изградба, реконструкција, одржување и заштита на
локалните патишта и улици во општина Прилеп („Службен гласник на општина
Прилеп“ бр. 9/2006 и 13/2007), донесена од Советот на општина Прилеп.
(Реферат У.бр.212/2007)

6. Решението за формирање на комисија за работа на утврдување на пазарната
вредност на недвижен имот во општина Кратово, бр.12-1732 од 19.10.2006 година,
донесено од градоначалникот на општина Кратово.
(Реферат У.бр.57/2008)

Leave a Reply