Решение У.бр.34/2012

У.бр.34/2012-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 70/1992), на седницата одржана на 19 февруари 2014 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста и законитоста на член 193 од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи склучен меѓу Министерството за внатрешни работи и Македонскиот полициски синдикат („Службен весник на Република Македонија“ бр.126/2010).

2. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Стамен Филипов од Скопје, со Решение У.бр.34/2012 година од 11 септември 2013 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на одредбата од Колективниот договор означен во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со одредбите на Уставот.

3. Владата на Република Македонија по истекот на предвидениот рок, достави до Уставниот суд на Република Македонија одговор на наводите од Решението за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одредба од Колективниот договор.

4. На седницата на Судот одржана на 19 февруари 2014 година, предлогот за укинување на оспорената одредба од Колективниот договор не го доби потребното мнозинство на гласови.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот, Елена Гошева и судиите: д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова, Сали Мурати д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.

У.бр.34/2012
19 февруари 2014 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Елена Гошева

Leave a Reply