Решение У.бр.14/2013

У.бр.14/2013-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 алинеја 2 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” број 70/1992), на седницата одржана на 10 јули 2013 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за донесување на Изменување и дополнување на Детален урбанистички план “Долно Водно” Општина Центар-Скопје, број 07-2780/22 од 05.04.2012 година, донесен од Советот на Општина Центар-Скопје на 75-та седница одржана на 05.04.2012 година, објавен во Службен гласник на Општина Центар број 4/2012 од 09.04.2012 година.

2. СЕ СТАВА ВОН СИЛА Решението за запирање на извршувањето на поединечните акти или дејствија што се преземаат врз основа на Одлуката означена во точката 1 од оваа одлука.

3. Уставниот суд на Република Македонија, по повод поднесена иницијатива од Коста Јанковски од Скопје, со Решение У.бр.14/2013 од 17 април 2013 година, поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на актот означен во точката 1 од ова решение, затоа што се постави прашањето за неговата согласност со одредбите на Уставот и Законот.

4. Советот на Општина Центар, како доносител на оспорениот акт, во предвидениот рок, не достави одговор на наводите од Решението за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорениот акт.

5. На одржаната седница на 10 јули 2013 година, Судот не го изгласа предлогот за укинување на оспорениот акт, поради што Судот одлучи да ја запре постапката по овој предмет.

6. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 и 2 од ова решение.

7. Ова решение Судот го донесе со мнозинство гласови, во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Елена Гошева, Исмаил Дарлишта, Никола Ивановски, Јован Јосифовски, Сали Мурати, д-р Гзиме Старова и Владимир Стојаноски.

У.бр.14/2013
10 јули 2013 година
Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски

Издвоено мислење по предметот У.бр.14/2013

 

Leave a Reply