140/2011-0-0

140/2011-0-0

Вовед

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 71 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.70/1992) на седницата одржана на 5 октомври 2011 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

Текст

1. НЕ СЕ ПОВЕДУВА постапка за оценување на уставноста на член 293-а став 1 во делот

2. Стамен Филипов од Скопје на Уставниот суд на Република Македонија му поднесе иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на делови од член 293-а ставови 1 и 8 од Законот за општата управна постапка, означен во точката 1 од ова решение.

Според подносителот на иницијативата оспорените делови од законската одредба не биле во согласност со Уставот од причина што писарницата на функционерот кој раководи со органот, односно раководното лице на органот кој постапува по поднесокот и писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, не биле органи на државната управа или организации и друг орган што врши јавни овластувања и според тоа законодавецот не можел да ги предвидува со оспорените законски одредби. Ова нешто произле-гувало од содржината на Амандманот XXI став 2 од Уставот, според кој, право на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка од прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон. Освен тоа, доколу директорот немал писарница, приговорот се поднесувал во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат, а не барање, како што било погрешно предвидено во втората реченица на ставот 8 од членот 293-а од Законот. Поради сето наведено оспорените делови не биле во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 50 став 2, член 51 и член 96 од Уставот, како и со Амандманот XXI став 2 од Уставот.

3. Судот на седницата утврди дека, според член 293 став 1 од Законот за општата управна постапка, доколку надлежниот орган не донесе решение во рокот пропишан со материјалниот закон, подносителот има право во рок од три работни дена од истекот на тој рок, да поднесе барање до писарницата на функционерот кој рако-води со органот, односно раководното лице на органот кој постапува по поднесокот, за донесување на решение по поднесеното барање.

Одредбата се оспорува во делот: „писарницата на“.

Според ставот 8 од истиот член од Законот, доколку инспекторот не постапи по известувањето од ставот 4 на овој член, подносителот на барањето во рок од пет работни дена има право да поднесе приговор до писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат. Доколку директорот нема писарница, барањето се поднесува во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат.

Предмет на оспорување е делот: “писарницата на“ и втората реченица од членот 293-а став 8 од Законот.

4. Согласно членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот на Република Македонија, владеењето на правото е темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија.

Согласно Амандманот XXI со кој се заменува членот 15 на Уставот, се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд. Правото на жалба или друг вид на правна заштита против поединечни правни акти донесени во постапка во прв степен пред орган на државната управа или организација и друг орган што врши јавни овластувања се уредува со закон.

Согласно членот 50 став 2 од Уставот, се гарантира судска заштита на законитоста на поединечните акти на државната управа и на другите институции што вршат јавни овластувања.

Во членот 51 од Уставот е предвидено дека во Република Македонија законите мораат да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.

Согласно член 96 од Уставот, органите на државната управа работите од својата надлежност ги вршат самостојно врз основа и во рамките на Уставот и законите и за својата работа се одговорни на Владата.

Во конкретниот случај деловите: „писарницата на“ од членот 293-а ставови 1 и 8 од Законот за опшата управна постапка се оспоруваат од причина што писарницата на функционерот кој раководи со органот, односно раководното лице на органот кој постапува по поднесокот и писарницата на директорот на Државниот управен инспекторат, не биле органи на државната управа или организации и друг орган што врши јавни овластувања од каде законодавецот не можел да ги предвидува со оспорените законски одредби. Освен тоа, доколу директорот немал писарница, приговорот се поднесувал во писарницата на седиштето на Државниот управен инспекторат, а не барањето, како што било погрешно предвидено во втората реченица на ставот 8 од членот 293-а од Законот.

Според оцена на Судот вака изнесените наводи се неосновани. Ова од причина што оспорените делови од одредбата поблиску ја определуваат просторијата (писарницата) во која се вршат адмнистративно-техничките работи во органот кој треба понатаму да постапува по поднесоците, писмената на странките, од каде тематиката на оваа одредба не е определување на органот кој треба да постапува по поднесоците на странките, туку простор во кој се преземаат дејствијата. Определувањето на органот надлежен за постапување следува во неоспорената содржина на членот 239-а од Законот, како и во целина на Законот, кое нешто останало незабележано од подносителот на иницијативата.

Според тоа оспорениот деловите: „писарницата на“ од членот 293-а ставови 1 и 8 од Законот за опшата управна постапка не можат да се доведат во релација со 8 став 1 алинеја 3, член 50 став 2, член 51 и член 96 од Уставот, како и со Амандманот XXI став 2 од Уставот.

По однос на второоспорениот дел од членот 239-а од Законот во иницијативата се наведува дека законодавецот погрешно предвидел право на поднесување на барање наместо да предвиди право на поднесување на приговор Судот оцени дека се неосновани.
Тргнувајќи од анализата на воведната реченица на членот 239-а став 8 и особено од ставот 9 на истиот член од Законот, во кој пак е предвидена обврска за Државниот управен инспектор да го разгледа приговорот, произлегува дека е точно тврдењето во иницијативата за погрешно уредување, бидејќи законодавецот наместо да предвиди дека приговорот се поднесува до писарницата на Државниот управен инспектор предвидел барањето да се поднесе до писарницата. При тоа очигледно е дека е во прашање ненамерно сторен технички превид, бидејќи во ставот 8 од членот 239-а од Законот се уредува правото на приговор до Државниот управен инспектор, од каде законодавецот требал да предвиди поднесување на приговор, а не на барање. Меѓутоа, според оцена на Судот, вака сторен ненамерен превид или пропуст при изготвувањето на законскиот текст не е од така силно влијание и значење за да може да предизвика покренување на механизмот на уставно-судска оцена, со оглед на тоа што од останатата неоспорена содржина на одредбата е јасно дека во овој случај станува збор за поднесување на приговор. При вакво уредување произлегува дека евентуална интервенција на Уставниот суд во оспорениот дел на членот 239-а став 8 од Законот не би променила ништо по однос на утврденото право за користење на предвиденото правно средство. Од друга страна, Собранието на Република Македонија е надлежно за исправки на законите, а не Уставниот суд.

Тргнувајќи од наведеното Судот оцени дека оспорените делови на членот 239-а ставови 1 и 8 од Законот за општата управна постапка се во согласност со член 8 став 1 алинеја 3, член 50 став 2, член 51 и член 96 од Уставот, како и со Амандманот XXI став 2 од Уставот.

5. Врз основа на изнесеното, Судот одлучи како во точката 1 од ова решение.

6. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Бранко Наумоски и судиите д-р Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Лилјана Ингилизова-Ристова, Игор Спировски, д-р Гзиме Старова, Владимир Стојаноски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.140/2011
5 октомври 2011 година
С к о п ј е
м.л.

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Бранко Наумоски

Leave a Reply