Соопштенија

  • Прес-конференција за работата на Судот во 2007 година.

    На 14 февруари 2008 година (четврток) во 11,00 часот во салата за седници на Уставниот суд на Република Македонија ќе се одржи прес-конференција за работата на Судот во 2007 година. Работата на Судот во 2007 година ќе биде презентирана преку бројчани податоци и преку посебно значајни теми. Ве покануваме да присуствувате и активно да учествувате на…

  • Нова WEB адреса

    Уставниот суд на Република Македонија ја промени својата WEB – адреса во www.ustavensud.mk или www.constitutionalcourt.mk

  • Откажување на јавна расправа

    Јавната расправа по предметот У.бр.77/2007 закажана за 31 јануари 2008 година со почеток во 10,00 часот СЕ ОТКАЖУВА по повлекување на барањето за заштита на слободите и правата по основ на пол, национална и политичка припадност, заради остварување на правото на вработување.

  • Официјално отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур

    Од 23- 26 јануари 2008 година, претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски и генералниот секретар на Уставниот суд г-ѓа Милица Николовска присуствуваа на официјалното отворање на новата судиска година на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Настанот започнa со семинар на тема „Улогата на консензусот во системот на Европската конвенција…

    ,
  • Известување за одржување на јавна расправа

    Уставниот суд на Република Македонија на 31 јануари 2008 година, со почеток во 10,00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.77/2007 за заштита на слободите и правата по основ на пол, национална и политичка припадност

  • Известување

    Ве известуваме дека седницата на Уставниот суд на Република Македонија што беше закажана за 31 октомври 2007 година ќе се одржи на 7ноември 2007 година (среда) со почеток во 9,00 часот со истиот предложен дневен ред.

  • Избран нов претседател на Уставниот суд на Република Македонија

    Уставниот суд на Република Македонија врз основа на член 109 став 3 од Уставот на Република Македонија и член 7 став 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија на седницата одржана на 1 ноември 2007 година со двотретинско мнозинство од вкупниот број на судии го избра судијата д-р Трендафил Ивановски за Претседател на…

  • Официјална посета на делегација на Уставниот суд на Република Словенија на Уставниот суд на Република Македонија

    Уставниот суд на Република Македонија Ве известува дека на покана на претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Словенија од 25-27 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Во рамките на оваа посета, судијата на Уставниот суд на Република Словенија д-р Цирил…

    ,
  • Известување

    Ве известуваме дека седницата на Уставниот суд на Република Македонија што беше закажана за 10 октомври 2007 година ќе се одржи на 24 октомври 2007 година (среда) со почеток во 9,00 часот.

  • Посета на делегација на Уставниот суд на Република Албанија

    На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Албанија од 17-20 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Албанија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Владимир Кристо.

    ,
  • XII-та Меѓународна Конференција во Ереван, Ерменија

    Во периодот од 5 до 6 октомври 2007 година во Ереван, Ерменија се одржа XII–та Меѓународна Конференција на тема: „Меѓународното искуство во соработката меѓу уставните судови и народните правобранители во полето на  обезбедувањето и заштитата на човековите права“ на која учествуваше судијата на Уставниот суд на Република Македонија, г-дин Бранко Наумоски во придружба на г-ца…

    ,
  • Посета на делегација на Уставниот суд на Република Бугарија

    На покана од претседателот на Уставниот суд на Република Македонија г-дин Махмут Јусуфи, делегација на Уставниот суд на Република Бугарија од 3 – 6 октомври 2007 година ќе престојува во официјална посета на Уставниот суд на Република Македонија. Делегацијата на Уставниот суд на Република Бугарија ќе биде предводена од претседателот на Уставниот суд г-дин Румен Јанков.

    ,