Соопштенија

  • Учество на Регионална конференција во Подгорица

    Судијата на Уставниот суд на Република Македонија Игор Спировски, од 2-4 ноември 2009 година ќе учествува на регионалната конференција што ќе се одржи во Подгорица, во организација на Уставниот суд на Црна Гора, Мисијата на ОБСЕ во Црна Гора и Венецијанската комисија на Советот на Европа. Тема на конференцијата ќе биде Компаративната практика на уставните…

    ,
  • Учество на Регионална конференција во Белград

    Судиите на Уставниот суд на Република Македонија Бранко Наумоски и Игор Спировски учествуваат на Регионалната конференција на тема: „Уставното судство во теорија и практика“ што се одржува во Белград, 27 и 28 октомври 2009 година во организација на Уставниот суд на Србија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер. На Конференцијата претставници…

    ,
  • Известување за одржување на јавна расправа

    Уставниот суд на Република Македонија, на 22 Октомври 2009 година со почеток во 10:00 часот ќе одржи јавна расправа по предметот У.бр.84/2009, за заштита на слободите и правата од член 110 алинеја 3 од Уставот, што се однесуваат на повреда на правото на политичко дејствување сторено со неприфаќање на кандидатурата за градоначалник на Општина Зајас.

  • Подготвителен состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009 година во Букурешт.

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија составена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски, генералниот секретар на Уставниот суд Милица Николовска и државниот советник за меѓународна  соработка Татјана Јањиќ –Тодорова присуствуваше на подготвителниот состанок на Кругот на претседатели на Европската конференција на уставните судови што се одржа од 15 до 18 октомври 2009…

    ,
  • Именување на генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија

    Уставниот суд на Република Македонија, на седницаата одржана на 8 октомври 2009 година, за генерален секретар ја именува Милица Николовска, досегашен генерален секретар на Уставниот суд на Република Македонија, сметано од 17 октомври 2009 година.

  • Известување за одржување на подготвителна седница

    Уставниот суд на Република Македонија ќе одржи подготвителна седница на 6 октомври 2009 година со почеток во 10,00 часот, по предметот У.бр. 42/2008 и У.бр.77/2008, за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за определување дополнителен услов за вршење на јавна функција („Службен весник на Република Македонија“ бр. 14/2008), во целина и посебно…

  • Учество на Меѓународна конференција во Ереван

    Делегација на Уставниот суд на Република Македонија предводена од претседателот на Уставниот суд д-р Трендафил Ивановски,од 29 септември до 3 октомври 2009 година ќе учествува на XIV Меѓународна конференција во организација на Уставниот суд на Ерменија и Венецијанската комисија на Советот на Европа. Темата на овогодинешната конференција ќе биде: „Меѓународните искуства од интеракцијата на уставните…

    ,
  • Одржана стручна расправа на тема „Уставно судство“.

    На 25 септември 2009 година,во хотелот „Холидеј ин“ во Скопје во организација на Уставниот суд на Република Македонија и Програмата за владеењето на правото на Фондацијата Конрад Аденауер се одржа стручна расправа на тема „Уставно судство“. Во рамките на стручната расправа беше промовирана Публикацијата „Избрани одлуки на Уставниот суд на СР Германија“, преведена на македонски јазик, издадена…

    ,
  • Средба со д-р Штефани Рикарда Рос и г-дин Анри Боне

    Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денес оствари средба со д-р Штефани Рикарда Рос, директорка на Програмата за владеење на правото во Југоисточна Европа на Фондацијата Конрад Аденауер и г-дин Анри Боне, директор на Канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје. Средбата беше во функција на стручната расправа што во организација…

    ,
  • Стручна расправа на тема „Уставно судство“

    На 25 септември 2009 година со почеток во 9,30 часот во салата Милениум II на Хотел „Холидеј ин“ во Скопје ќе се одржи стручна расправа на тема „Уставно судство“. Расправата е во организација на Програмата за владеење на правото во ЈИЕ на Фондацијата Конрад Аденауер и Уставниот суд на Република Македонија и неа ќе ја…

    ,
  • Доставени изјави до Комисијата за лустрација

    Претседателот и судиите на Уставниот суд на Република Македонија, како и генералниот секретар и раководните државни службеници во Судот, денес доставија изјави до Комисијата за лустрација со цел да се провери дали некој од нив соработувал со органите на државната безбедност во кршење или ограничување на основните слободи и права на граѓаните од политички или…

  • Средба со специјалниот известувач на ООН за слободата на религијата и убедувањето

    Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија д-р Трендафил Ивановски денеска ќе оствари средба со г-ѓа Асма Џахангир, специјалниот известувач на Организацијата на Обединетите Нации за слободата на религијата и убедувањето. Средбата се остварува во рамките на официјалната посета на г-ѓа Џахангир на Република Македонија.

    ,