Учество на Меѓународна конференција во Андора

Делегација на Уставниот суд на Република Македонија во состав од д-р Гзиме Старова и д-р Наташа Габер-Дамјановска, судии на Уставниот суд на Република Македонија на покана од Уставниот суд на Андора во период од 30.11 до 04.12 о.г. престојуваа во Андора, по повод 4-та Меѓународна уставна конференција на тема „Уставните судови: доктрина и пракса: Што со дијалогот?“ .