У.бр.168/2003-1

Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на член 110 од Уставот на Република Македонија и член 47 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија (“Службен весник на Република Македонија” бр.70/1992), на седницата одржана на 25 февруари 2004 година, донесе

Р Е Ш Е Н И Е

1. СЕ ЗАПИРА постапката за оценување на уставноста на член 11 од Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија за 2003 година во делот “од Владата на Република Македонија” (“Службен весник на Република Македонија” бр.21/2003).

2. Уставниот суд на Република Македонија, врз основа на иницијатива од Здружението на јавни и државни службеници од Скопје, со решение У.бр.168/2003 од 24 декември 2003 година поведе постапка за оценување на уставноста на законот означен во точката 1 од ова решение, затоа што основано се постави прашањето за неговата согласност со Уставот на Република Македонија.

3. Во текот на постапката Судот утврди дека оспорениот закон престанал да важи со протекот на 2003 година.

Согласно член 47 алинеја 1 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија, Судот ќе ја запре постапката ако во текот на истата законот, другиот пропис или општ акт престанале да важат, а не наоѓа основи за оценување на нивната уставност и законитост за време на важењето.

Со оглед на тоа дека Законот за извршување на Буџетот на Република Македонија престанал да важи со протекот на 2003 година, а Судот не наоѓа основи за оценување на неговата уставност во време на важењето, оцени дека се исполнети условите од погоре наведениот член од Деловникот, па одлучи како во точката 1 од ова решение.

4. Ова решение Судот го донесе во состав од претседателот на Судот Лилјана Ингилизова-Ристова и судиите д-р Трендафил Ивановски, Махмут Јусуфи, Мирјана Лазарова Трајковска, Вера Маркова, д-р Бајрам Положани, Игор Спировски и д-р Зоран Сулејманов.

У.бр.168/2003
25 февруари 2004 година
С к о п ј е

ПРЕТСЕДАТЕЛ
на Уставниот суд на Република Македонија
Лилјана Ингилизова-Ристова