Неточно тврдење

Одлуката за Балансерот беше во член тој и тој од партиската програма на ВМРО–ДПМНЕ која стана одлука на Уставен суд веднаш по формирање на оваа Влада. Сега за јазикот. Беше програмата на ВМРО–ДПМНЕ. Имате едно политичко инструментализирање на Уставниот суд во функција, не верувам дека е само на егото…
Претседателот на Уставниот суд е јасно ставен во функција. Вие знаетe дека имаше ситуација во која претседателот сам ставил, кај што држи прес-конференции банер еднојазичен. Иако он знае дека во Уставниот суд е двојазично…Он намерно дава порака дека мене ми пречи јазикот, и јас сум тука во функција да ја укинам двојазичноста. Укинувањето на двојазичноста е укинување на мирновниот договор , односно историскиот договор помеѓу двата народа овде. Не знам како не се разбира тежината на овој процес туку се третира како е некое прашање обично.
(Бујар Османи -потпретседател на ДУИ, 27.04.2026)
