Соопштение по одржаната 14. седница на Уставниот суд

На 20 мај Уставниот суд ја одржа 14. Седница со Дневен ред на  кој се дискутираше за осум предмети и го одлучи следното:

1. Реферат У.бр.75/2025, У.бр.84/2025, У.бр.104/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на членовите 9, 10 и 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/2025). 

Oдлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносители на иницијативите: Деспина Влаќеска, Нимет Лимани,  адвокатите Aлександар Огненовски, Aна Колиќ Огненовска 

2. Реферат У.бр.131/2025  

Судот  не поведе постапка за оценување на уставноста на член 4 точка 27, член 38 став 4 алинеја 10 и ставови 7 и 8, член 63 ставови 1 и 4 во деловите „ловечка легитимација“ и член 85 став 1 точка 13 во делот „ловечка легитимација“ и став 2 од Законот за дивечот и ловството, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.263/2023, 170/2024 и 132/2025). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Друштво за лов и одгледување на дивеч „ВОЛФ“ ДООЕЛ од Ресен. 

3. Реферат У.бр.184/2024  

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 20 став 6 во делот „и висината на надоместокот“ од Законот за управување со отпадот („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.216/21 и 3/25). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за составот, висината на надоместокот и начинот на работа на работното тело за отпад бр.11-1526/1 од 14 мај 2024 година, донесено од страна на Министерот за животна средина и просторно планирање и објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 103 од 15 мај 2024 година.

Одлуката е донесена со мнозинство гласови. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

4. Реферат УЗ.бр.80/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 6 став 4 од Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за овластувања и начинот на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 226/2020) и не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 13 став 9 во делот „Упатствата” и член 17 став 6 во делот „еднострано раскинување” од Правилникот за овластувања и начинот на работа на контролата на Фондот за здравствено осигурување („Службен весник на Република Македонија” бр. 105/2010, 33/2011, 29/2012 и 47/2014 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 226/2020 и 247/2025).

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

5. Реферат УЗ.бр.41/2025 

Судот  не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година донесена од Советот на Општина Центар бр.08-3381/2 од 20.7.2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.11/2023) и ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување на уставноста и законитоста на Решението за објавување на Одлуката за определување на дозволеност на градба исклучиво во границите определени со планскиот опфат на Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012-2022 година донесено од Градоначалникот на Општина Центар бр.09-3381-3 од 20.7.2023 година („Службен гласник на Општина Центар-Скопје“ бр.11/2023).

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Филип Алексоски  

6. Реферат УЗ.бр.76/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за висината на трошоците за вештачење на работната способност во постапката на остварување на правата од пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија“ бр.58/1994 и 103/2014). 

Одлуката е донесена едногласно. 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

7. Реферат УЗ.бр.64/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на законитоста на Заклучокот за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во општинските основни училишта од Општина Кочани за учебната 2025–2026 година, бр.09-1326/1 од 27.08.2025 година, донесен од Советот на Општина Кочани. 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

Подносител на иницијативата: В.Д Градоначалник на Општина Кочани, Венко Крстевски

II – ИНФОРМАЦИЈА ПО ПРЕДМЕТОТ 

Реферат У.бр.118/2025

Судот донесе решение за запирање на постапката, согласно член 39 од Актот. Со поднесок, примен во Судот на 04.05.2026 година, подносителот ја повлече иницијативата во целост, заедно со сите барања содржани во неа. Предметот е претходно разгледан на седница на Судот, но по дел од оспорените одредби не е донесена одлука поради недобиено потребно мнозинство. 

Одлуката е донесена со мнозинство гласови.

III- ПРЕДЛОГ ЗА ОДЛУЧУВАЊЕ СО НАЦРТ-ОДЛУКА 

У.бр.113/2025 

Судот го укина член 176 став 2 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018 и 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025).

Уставниот суд оцени дека не е во согласност со член 8 став 1 алинеја 3 и член 51 од Уставот, членот 176 став 2, со кој е уредено вработените во Министерството за социјална политика, демографија и млади, кои членуваат во Комисијата за издавање лиценци за вршење дејности поврзани со згрижување и чување деца, покрај плата да добиваат и дополнителна награда во вид на месечен паричен надоместок во износ на една третина од просечната-нето плата во Републиката Северна Македонија за претходната година. Според Судот, издавањето лиценци за вршење дејности поврзани со згрижување и чување деца претставува редовна надлежност на Министерството и дел од неговото работење. Поради тоа, учеството на вработените во Комисијата не може да се смета за дополнителен ангажман, туку за работна обврска која е опфатена со нивната плата.

Во однос на надворешните членови на Комисијата, Судот оцени дека нивниот надоместок е оправдан, бидејќи тие не се вработени во Министерството, туку во други институции, па нивното учество во Комисијата претставува дополнителен работен ангажман.

За појаснување, Комисијата за лиценцирање при Министерството за социјална политика, демографија и млади е составена од четири лица вработени во Министерството, по еден претставник од Министерството за образование и наука и Министерството за финансии, двајца претставници од Бирото за развој на образованието и тројца претставници од факултети и институти од областа на општествените науки.

Одлуката е донесена едногласно.