Уставниот суд доби поддршка од Мисијата на ОБСЕ во Скопје за активностите насочени кон поголема транспарентност и отвореност на Судот, вклучително и преку преносот во живо на судските седници. За оваа поддршка, Мисијата извести на нивните канали за информирање на граѓаните. Судот го пренесува соопштението.
„Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја поддржува работата на Уставниот суд во насока на поголема отвореност и транспарентност, вклучително и преку пренос во живо на судските седници.
Овие чекори им помагаат на граѓаните подобро да разберат како се носат одлуките и придонесуваат за поголема доверба во правосудниот систем. ![]()
„Отворањето на Судот кон јавноста преку пренос во живо на судските седници е важен чекор кон поголема транспарентност, отчетност и доверба на граѓаните во правдата,“ изјави амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал.
Преку континуирана поддршка и соработка, Мисијата помага стандардите да се претворат во вистинска заштита за луѓето, се наведува во соопштението на Мисијата.
