Соопштение по одржаната 13. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска ја одржа 13. седница на која дискутираше за седум иницијативи и го одлучи следното: 

I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ 

1. Реферат У.бр.17/2025 

На барање на судијата-известител, поради проучување на дополнителни околности, предметот е повлечен од Дневен ред и ќе биде ставен на некоја од наредните седници. 

Оспорен акт: Член 177-г став 2 во делот „именувани од министерот“ и став 10 од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 17/2025 и 132/2025).

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

2. Реферат У.бр.72/2025

Судот поведе постапка за оценување на  уставноста и законитоста на член 3 став 22 од Уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2025 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 26/2025).

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 47 ставовите 5 и 6 од Законот за земјоделство и рурален развој („Службен весник на Република Македонија“ бр. 49/2010, 53/2011, 126/2012, 15/2013, 69/2013, 106/2013, 177/2014, 25/2015, 73/2015, 83/2015, 154/2015, 11/2016, 53/2016, 120/2016, 163/2016, 74/2017, 83/2018, 27/2019 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.152/2019, 244/2019, 275/2019, 110/2021, 123/2022, 65/2023 и 218/2024). 

Подносител на иницијативата: Земјоделски комбинат ПЕЛАГОНИЈА АД Битола преку извршен директор Весна Белешовска-Бунтеска

3.Реферат У.бр.90/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 31-а во делот: „вработени во Бирото за судски вештачења“ од Законот за процена („Службен весник на Република Македонија“ бр.115/2010, 158/2011, 185/2011, 51/2012, 64/2012, 188/2014, 104/2015, 153/2015, 192/2015 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.86/2025). 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев 

4. Реферат У.бр.102/2025

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста на член 105-а став 2 точка 4 во делот „раководно“ од Законот за домување („Службен весник на Република Македонија“ бр. 99/2009, 57/2010, 36/2011, 54/2011, 13/2012, 55/2013, 163/2013, 42/2014, 199/2014, 146/2015, 31/2016, 64/2018 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.302/2020, 150/2022, 224/2024 и 160/2025). 

Подносител на иницијативата: Игорчо Точев

5. Реферат У.бр.197/2025 

Судот ја отфрли иницијативата за поведување постапка за оценување уставноста на член 21-б став 2, став 3 од прва реченица во делот „Советот од ставот 2 на овој член“ и од реченица втора во делот „советот“ од истиот член, став 4 од истиот член во делот „Советот”, став 5 од истиот член во делот „советот за верификација од ставот (2)” и член 21-к став 3 во делот „Советот за спортот” од Законот за спорт („Службен весник на Република Македонија“ бр.29/2002, 66/2004, 83/2005, 81/2008, 18/2011, 64/2012, 148/2013, 187/2013, 42/2014, 138/2014,177/2014, 72/2015, 6/2016, 55/2016, 61/2016, 106/2016 и 190/2016 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.52/2019, 98/2019, 244/2019, 53/2024, 74/2024, 170/2024 и 59/2025). 

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев 

6. Реферат У.бр.3/2026 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 24 став 12 од Законот за работно ангажирање на лица („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2025).

Подносител на инцијативата: Игорчо Точев

7. Реферат УЗ.бp.52/2025 

Судот  поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за поништување на одобрен урбанистички проект за село со намена А4.7 – куќи за потребите на селскиот туризам, во урбанистички план за село Сопиште на КП1526/8 и КП 1532/5 КО Сопиште – Вонград, општина Сопиште, бр.02-1509/1 од 29.05.2025 година, донесена од Советот на Општина Сопиште („Службен гласник на Советот на Општина Сопиште“ бр.6/25).

Подносител на барањето: Државен инспекторат за локална самоуправа преку директорот Хаќим Рамадани 

8. Реферат УЗ.бp.84/2025

Судот ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста и законитоста на Пресуда УПРЖ бр. 359/2023 од 27.11.2023 година на Виш Управен суд, Решение ИВП1 бр. 166/21 од 21.03.2023 година на Основен граѓански суд Скопје и Решение ГЖ-1793/23 од 11.02.2025 година на Апелационен суд Скопје.

Подносител на иницијативата: Марјан Здравковски