Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, д-р Дарко Костадиновски, оствари средба со делегација на Советот на судии и обвинители на Република Туркије, во состав од Фузули Ајдогду, вршител на должноста претседател, Омер Оруџу, заменик генерален секретар, Хакан Булут, член и Јунус Емре Јумушакбаш, член.
На средбата беа разменети мислења и искуства за повеќе прашања поврзани со функционирањето на правосудните институции, владеењето на правото и современите предизвици на правниот систем. Притоа, беше истакнато значењето на континуираната меѓуинституционална соработка, како и потребата од натамошно продлабочување на професионалните контакти и размена на стручни искуства од заеднички интерес.
Соговорниците изразија задоволство од традиционално добрите и пријателски односи меѓу Република Северна Македонија и Република Туркије, оценувајќи дека тие претставуваат цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на правосудството и владеењето на правото.
Средбата се одржа на 6 мај 2026 година во Уставниот суд.
