Студенти од Правниот факултет при Универзитет „Мајка Тереза“ денеска го посетија Уставен суд на Република Северна Македонија, во рамки на едукативна и практична настава со цел поблиску да се запознаат со улогата, надлежностите и функционирањето на Судот.
Во текот на посетата, студентите направија обиколка низ просториите на Судот, при што имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата на работата, салата во која се одржуваат седниците, како и со начинот на постапување по предметите од уставно-судска заштита.
Советниците на Судот, Јасмина Симоновска, Сања Гелевска-Трајчевски, Екрем Хаљими и Енсар Јусуфи ги информираа студентите за уставните надлежности на Судот, постапките за оценување на уставноста и законитоста, заштитата на човековите слободи и права, како и за улогата на Судот во обезбедувањето на владеењето на правото и уставниот поредок.
На студентите им беа презентирани и тековните процеси на дигитализација и унапредување на транспарентноста, вклучително и можноста јавноста во живо да ги следи седниците на Судот преку официјалните дигитални канали. Во текот на посетата беше презентиран документарецот за Уставниот суд кој опфаќа прашања од улогата и надлежностите на Судот, хронолошки настани и важни датуми.
Овие средби се значајни за развојот на правната култура, зајакнување на довербата во институциите и поттикнување на младите активно да се вклучуваат во правниот и општествениот живот.






