Соопштение по одржаната 12. седница на Уставниот суд

Уставниот суд денеска(06.05.2026) ја одржа 12. седница на која се дискутираше за пет иницијативи и одлучи:

 I- ИНИЦИЈАТИВИ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ НА УСТАВНОСТ И ЗАКОНИТОСТ  

1. Реферат У.бр.75/2025, У.бр.84/2025, У.бр.104/2025

На барање на судијата-известител предметот е повлечен од Дневен ред поради испитување на дополнителни околности.

Оспорени одредби: Член 9, член 10 и член 25 од Законот за изменување и дополнување на Законот за градење („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.87/2025). 

Подносители на иницијативите: Деспина Влаќеска, адвокати, Aлександар Огненовски и Ана Колиќ Огненовска, адвокати, Нимет Лимани 

2. Реферат У.бр.93/2025 

Судот ја отфрли иницијативата за оценување на уставноста на член 1 и член 3 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.75/2025).

Подносител на иницијативата: Илија Ивановски од Република Србија

3. Реферат У.бр.112/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста на член 37 став 1, во делот „родено на територијата на Република Северна Македонија“ од Законот за заштита на децата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 23/2013, 12/2014, 44/2014, 144/2014, 10/2015, 25/2015, 150/2015, 192/2015, 27/2016, 163/2017, 21/2018, 198/2018 и („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 104/2019, 146/2019, 275/2019, 88/2020, 311/2020, 294/2021, 150/2022, 236/2022, 236/2022, 265/2024, 17/2025 и 132/2025).

Подносител на иницијативата: Кирил Михајлоски 

4. Реферат УЗ.бр.81/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 74 од Правилникот за имунопрофилакса, хемиопрофилакса, лицата кои подлежат на овие мерки, начинот на изведување и водење на евиденција и документација („Службен весник на Република Македонија“ бр. 177 од 14.10.2015 година).

Подносител на иницијативата: Дарко Јаневски 

5. Реферат УЗ.бр.78/2025 

Судот поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 3 од Уредбата за престанување на важење, односно на примена на прописите опфатени со проектот регулаторна гилотина („Службен весник на Република Македонија“  бр.34/2008).

Подносител на иницијативата: Ненад Гавриловиќ 

6. Реферат УЗ.бр.62/2025 

Судот не поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на член 7 од Статутот на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија, донесен од Собранието на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 02.11.2024 година и на ден 03.11.2024 година и објавен на веб-страницата на Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Северна Македонија.

Подносител на иницијативата: Јовица Јовевски