2021

  • Соопштение по одржаната IX-та седница на Судот

    Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаното продолжение на IX-та седница (денeс, 21 април 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 72 став 3, во делот: „ценејќи ја законитоста на постапката“ и…

    ,
  • Соопштение

    Десеттата седница на Уставниот суд на Република Северна Македонија, која беше закажана да се одржи на 15 април 2021 година по завршувањето на Деветтата седница на Судот, ќе се одржи на 21 април 2021 година по завршувањето на Деветтата седница.

    ,
  • Соопштение

    Ја известуваме јавноста дека расправата по сите точки од дневниот ред на Деветтата седница заврши и дека седницата е прекината после гласањето по точката во предметот каде се оспорени член 96 став 4 од Законот за Судскиот совет на Република Македонија („Службен весник на Република Македонија“ бр.60/2006, 150/2010, 100/2011, 20/2015, 61/2015,197/2017 и 83/2018); и член…

    ,
  • Соопштение

    Ја известуваме јавноста дека деветтата (IX) седница на Судот која беше прекината на ден 25.03.2021 година, а беше презакажана за 7 април 2021 година, ќе се одржи на ден 15.04.2021 година во 9.30 часот.

    ,
  • Соопштение

    Уставниот суд на Република Северна Македонија, ја известува јавноста дека Деветтата седница на Судот која требаше да продолжи на 7 април 2021 година (среда), се одложува. Седницата се одложува поради состојбата со ширењето на коронавирусот, како и поради објективната неможност во моментот да се гарантира заштита од овој вирус на присутните во судницата (судии, вработени…

    ,
  • Работна средба на претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Сали Мурати со заменик министерот за правда, г. Агим Нухиу

    Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, денес оствари работна средба со заменик министерот за правда, г. Агим Нухиу. Претседателот Мурати, ја презентираше уставната положба на Судот, неговите надлежности како и историјатот на оваа институција. Исто така од страна на претседателот на Судот, беа посочени и предизвиците со кои се соочува…

    ,
  • Соопштение

    Ја известуваме јавноста дека поради состојбата со ширењето на коронавирусот, Уставниот суд следната недела нема да одржи седница.

  • Соопштение

    Ја известуваме јавноста дека после обемната расправа по првите две точки од дневниот ред, деветтата седница на Судот беше прекината и ќе продолжи на 7 април 2021 година.

    ,
  • ЈАВЕН ОГЛАС број – 1/21 за вработување во Стручната служба на Уставниот суд

    Врз основа на членовите 7 и 8 од Правилникот за вработување и унапредување во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна Македонија Су.бр.46/21 од 20 јануари 2021 година, Уставниот суд на Република Северна Македонија објавува ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 1/21 за вработување на неопределено време во Стручната служба на Уставниот суд на Република Северна…

    ,
  • Работна средба на претседателот на Судот, Сали Мурати и судиите на Уставниот суд со претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски

    Претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, г. Сали Мурати, заедно со судиите на Уставниот суд, денес остварија работна средба со претседателот на Република Северна Македонија, г. Стево Пендаровски. Претседателот Мурати, изрази задоволство од поканата на претседателот на Републиката и посочи дека во минатото, постоела пракса на вакви редовни средби помеѓу двата органи како…

    ,
  • Соопштение по одржаната VIII-ма седница на Судот

    Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VIII-ма седница (денeс, 10 март 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – ја отфрли иницијативата за поведување на постапка за оценување на уставноста на членот 281-а од Законот за семејството („Службен весник на Република…

    ,
  • Соопштение по одржаната VII-ма седница на Судот

    Уставниот суд на Република Северна Македонија, по одржаната VII-ма седница (денeс, 3 февруари 2021 година, со почеток од 9,30 часот), ја известува јавноста дека расправајќи по точките од дневниот ред одлучи да: – не поведе постапка за оценување на уставноста на член 13, во делот: “на маж и жена” и член 100-а став 5 алинеја…

    ,